Достапни линкови

Конгресот поделен за мерките за помош за коронавирусот


Ненси Пелоси, претседател на Претставничкиот дом на САД.

Претставничкиот дом на Конгресот на САД, кој го предводат демократите, одобри нов пакет мерки во вредност од две милијарди долари за борбата со последиците од коронавирусот, но се очекува судир во Сенатот кој е предводен од републиканците и претседателот Доналд Трамп. Пакетот мерки е наменет за американската економија и за здравствениот систем.

Претседателот на Претставичкиот дом, Ненси Пелоси изјави дека ќе биде неодговорно ако веднаш не се рагира на хуманитарен начин бидејќи тоа „само ќе ја чини повеќе“ земјата во која повеќе од 86.000 луѓе починаа од вирусот, а заболени се околу 1,4 милиони.

Републиканците ги нарекоа мерките „листа на желби“ на демократите и порачаа дека тие се фискално неодговорни и само ќе го зголемат долгото на земјата. Републиканците соопштија и дека мерките нема да поминат, а Трамп најави вето.

XS
SM
MD
LG