Достапни линкови

Денеска самит ЕУ – Западен Балкан


Состанок на лидерите на земјите членки на ЕУ и Западен Балкан ќе се одржи денеска, преку видео конференциска врска поради пандемијата на новиот коронавирус, соопшти хрватското претседателство со ЕУ. Самитот ќе овозможи истакнување на меѓусебната солидарност и соработка во време на кризата, се наведува во соопштението, потсетувајќи дека ЕУ обезбедила 3,3 милијарди евра помош за земјите од Западен Балкан во борбата против пандемијата. Лидерите, исто така, треба да ја потврдат перспективата на Западен Балкан и „определеноста на западнобалканските држави да се придржуваат кон европските вредности и начела“.

Ќучук: Западен Балкан е приоритет на ЕУ, загребскиот Самит веројатно во јуни

На состанокот ќе учествуваат шефови на држави или влади на земјите членки на ЕУ и на шесте западнобалкански држави – Северна Македонија, Албанија, БиХ, Србија, Црна Гора и Косово. Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ќе претседава со состанокот и заедно со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен ќе ја претставуваат ЕУ. Претходниот самит беше одржан на 17 мај 2018 година во Бугарија, кога е усвоена Софиската декларација.

ЕУ во предлог декларацијата од Загреб не спомнува членство

Инаку во текстот на Декларацијата од Загреб, кој треба да биде усвоен на самитот ЕУ-Западен Балкан, кко што пишува загрепскиот весник Јутарњи лист не се споменува „проширување“, „членство“ или „интеграција во ЕУ“. Со тоа, како што се додава, оваа декларација ќе понуди уште помалку од конечниот документ од самитот од пред 20 години понуден на регионот.

XS
SM
MD
LG