Достапни линкови

ЕУ во предлог декларацијата од Загреб не спомнува членство


Претседаѕелот на Европскиот совет Шарл Мишел на видео самит

Текстот на Декларацијата од Загреб, кој треба да биде усвоен на самитот ЕУ-Западен Балкан утре, не споменува „проширување“, „членство“ или „интеграција во ЕУ“. Постои само неодредена реченица за „европска перспектива“ и посилна врска, пишува загрепскиот весник „Јутарњи лист“, кој имаше увид во документот. Со тоа, како што се додава, оваа декларација ќе понуди уште помалку од конечниот документ од самитот од пред 20 години понуден на регионот. Причината е инсистирањето на некои земји како Франција и Холандија, но до одреден степен и Германија, да не биде самит за проширување.

Самитот ЕУ – Западен Балкан ќе се одржи на 6 мај преку видео врска

Во текстот, според Јутарњи лист не се споменува ниту најголемиот успех во процесот за време на претседателството на Хрватска во ЕУ - одлуката за отворање преговори за пристапување со Албанија и Северна Македонија. Но, дипломатите сметаат дека е добро, без оглед на околностите, што се одржува овој собир и да се повтори поддршката за „европската перспектива“ на регионот.

XS
SM
MD
LG