Достапни линкови

Борис Џонсон е во стабилна состојба


Британскиот премиер Борис Џонсон

Британскиот премиер Борис Џонсон втора ноќ мина на интензивна нега и е во стабилна состојба откако доби поддршка со кислород за компликациите на КОВИД-19. Џонсон, кој пред две недели имаше позитивен тест на коронавирус беше пренесен во болницата „Свети Томас“ во Лондон во неделата навечер, бидејќи имал висока температура и кашлица, но неговата состојба се влошила во понеделникот и тој беше пренесен во одделот за интензивна нега.

Трамп: Американците се молат за Борис Џонсон

55-годишниот британски лидер не беше ставен на вентилатор, а неговиот назначен заменик, секретарот за надворешни работи, Доминик Раб, рече дека наскоро Џонсон ќе се врати на работа.

„Премиерот е во стабилна состојба и добро расположение“, изјави денеска Едвард Аргар, помлад министер за здравство.

XS
SM
MD
LG