Достапни линкови

Нови судири на мигрантите и грчката полиција кај Еврос


Со молотиви коктели, дрвја и камења, мигрантите и бегалците собрани на турската страна од границата со Грција, кај Еврос, ги нападнаа грчките полициски сили, објавија локалните медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, тие запалиле огнови и се обиделе да ја урнат заштитната гранична ограда, а грчката полиција одговорила со солзавец за да спречи нелегален влез. Грчкиот министер за цивилна заштита, заедно со извршниот директор на Фронтекс, денеска се во посета на грчко – турската граница кај Еврос.

XS
SM
MD
LG