Достапни линкови

Ердоган со предлози и закани за ЕУ со мигрантите


Турција ќе ги задржи отворени границите за мигрантите кои патуваат кон Европа се додека Европската унија не ги исполни очекувањата на Анкара во врска со мигрантскиот договор од 2016 година, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесе Ројтерс.

Обраќајќи се пред членовите на неговата Партија на правдата и развојот во парламентот, тој најави дека Турција ќе ги достави своите предлози до Европската унија пред самитот на блокот закажан за 26 март.

Со договорот од 2016 година Турција се обврзува да го спречи приливот на мигранти и бегалци, за чија грижа требаше да добие шест милијарди евра, забрзување на преговорите за членство во ЕУ и укинување на визите за турските државјани, пренесе Ројтерс.

XS
SM
MD
LG