Достапни линкови

ОН го повикаа Иран привремено да ги ослободи затворениците


Специјалниот претставник на ОН за Иран, Џаваид Рехман

Специјалниот претставник на ОН за Иран, Џаваид Рехман го повика Техеран привремено да ги пушти на слобода сите затвореници со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

„Голем број на лица со двојно државјанство и странски државјани се изложени на ризик доколку не се здобиле со коронавирус. Тие навистина се плашат од нивните услови “, изјави Рехман.

Иранските власти ден претходно најавија дека привремено ослободиле околу 70 илјади затвореници за да помогнат во спречувањето на ширењето на инфекцијата. Иран е една од најпогодените земји од коронавирусот кој првично се појави во Кина и има регистрирани околу 8000 заболени, а смртни случаи 291.


XS
SM
MD
LG