Достапни линкови

Трамп не е загрижен ако борци на ИД ја напуштат Сирија: Ќе избегаат во Европа


Американскиот претседател Доналд Трамп не е загрижен дека поради турската офанзива во северна Сирија, многу борци на Исламска држава може да избегаат од државата и да бидат закана на друго место, пренесе Ројтерс.

„Па, тие ќе избегаат во Европа. Таму сакаат да одат. Тие сакаат да се вратат во своите домови, но Европа не ги сакаше од нас. Можевме да им ги дадеме, можеа да ги судат, можеа да им прават што сакаат, но како и обично, тоа не е реципрочно, знаете, мојот омилен збор, реципрочно“, изјави Трамп по почетокот на турската офанзива.

Целата реакција на Трамп во однос на турската офанзива против Курдите, налути многу демократи, но и републиканци.

Лиз Чејни, ќерка на поранешниот потпретседател Дик Чејни и истакната американска политичарка, изјави дека одлуката на Трамп да ги напушти курдските сојузници ќе има „лоши последици“, пренесе Ројтерс.

XS
SM
MD
LG