Достапни линкови

Британската опозиција бара оставка од Џонсон по одлуката на Врховниот суд


Илустрација - Демонстрант против одлуката на Џонсон за суспендирање на Парламентот.

Британската опозиција побара оставка од премиерот Борис Џонсон, откако Врховниот суд деенска пресуди дека неговата суспензија на британскиот Парламет е незаконска и неуставна, пренесоа новинските агенции.

„Одлуката на Врховниот суд покажува дека во Британија владее правото“, изјави активистката Џина Милер, еден од подносителите на претставката.

По ова, спикерот на Парламентот побара тој веднаш да почне да заседава,а ги повика парламентарните партии на итна консултација. Борис Џонсон самоиницијативно го суспендираше Парламентот од 10 септември до 14 октомври, за да може да се спроведе Брегзит без поддршка на пратениците.

XS
SM
MD
LG