Достапни линкови

Трамп: нов имиграциски систем за безбедни граници


Трамп: САД е место за генијални, а не за семејни имигранти
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

Трамп: САД е место за генијални, а не за семејни имигранти

Американскиот претседател Доналд Трамп го претстави неговиот имиграциски план кој предвидува фаворизирање талентирани, „брилијантни“ имигранти со изразени вештини и знаења.

Претседателот Доналд Трамп го претстави новиот план за имиграција со кој сака да ги убеди јавноста и конгресмените дека треба да се преструктуира системот на легална миграција во Соединетите држави.

Според Трамп, постојните имиграциски закони во САД ги „дискриминираат генијалците и исклучителните луѓе“ бидејќи најмногу дозволи за доселување во САД, таканаречените „зелени карти“ им се даваат на ниско квалификуваните лица.

„Денес, ние нудиме јасен контраст. Демократите предлагаат отворени граници, пониски плати и искрено беззаконски хаос. Предлагаме план за имиграција кој на прво место ги става работните места, платите и безбедноста на американските работници“.

Со новиот план се предвидува властите и натаму да доделуваат ист број зелени карти како и досега, но значително повеќе на исклучителни студенти, професионалци и високо образовани луѓе.

Предложениот премин на систем заснован на заслуги би означил драматично отстапување од досегашниот пристап во голема мера заснован врз семејството.

Имено, според властите, сега околу 66 насто од зелените карти им се даваат на оние со семејни и роднински врски, а само 12 насто на оние кои се талентирани.

Исто така, ќе бидат разгледани и факторите како што се возраста, знаењето на англиски јазик и понудите за вработување.

„Случаен избор е спротивен на американските вредности и ги блокира многу квалификуваните потенцијални имигранти од целиот свет, кои имаат многу да придонесат“.

Најновиот обид е предводен од зетот на Трамп, високиот советник Џаред Кушнер познат по неговата тврда линија за имиграциските прашања и се фокусира врз зајакнување на безбедноста на границите.

Сепак, планот не се осврнува врз тоа што да се прави со милионите илегалци кои веќе живеат во земјата, вклучително и стотиците илјади таканаречени „сонувачи“, кои беа донесени во САД како деца, што е главен приоритет на демократите.

Ниту пак, ги намалува вкупните стапки на имиграција, како што многу конзервативни републиканци би сакале да ги видат.

Планот се уште не е прифатен од неговата партија - а камоли од демократите - и се соочува со тешка битка во Конгресот.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG