Достапни линкови

Врховниот суд ја потврди забраната за патување во САД


Врховниот суд на САД

Врховниот суд ја потврди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за забрана за влез во САД на државјани на неколку муслимански земји. За одлуката 5 судии гласале за, а 4 против и со тоа го отфрлија тврдењето дека со забраната се врши дискриминација на муслиманите.

Според судот, оние кои што ја оспориле одлуката не успеале да докажат дека со забраната се прекршува законот за имиграција на САД или Првиот амандман на Уставот за забрана на властите да фаворизираат една религија наспроти некоја друга.

XS
SM
MD
LG