Достапни линкови

Јазбец: Изгледа предвреме ќе ми заврши мандатот, Северна Македонија брзо оди во НАТО


Членството во НАТО за Северна Македонија значи стабилност за земјата, можност за економски развој и да се биде дел од голем систем на колективна одбрана и превенција на конфликти меѓу земјите, порача денеска словенечкиот амбасадор Милан Јазбец, зборувајќи за предизвиците и перспективите на Балканот и Евроинтеграцискиот процес пред студенти од повеќе од 20 држави на Интернационалниот балкански универзитет во Скопје.

„Изминатите два месеци дури 11 од вкупно 29 земји членки го ратификуваа пристапниот протокол за членество на Северна Македонија во НАТО и оттука очекувам дека мојот мандат ќе заврши побрзо од предвидените две години, што е особено важно за вашата држава“, изјави Јазбец.

Амбасадата на Словенија од 1 јануари годинава е контакт амбасада на НАТО во нашата држава. Јазбец, со оглед на брзото темпо на ратификација на протоколот за членство во НАТО посочи дека очекува неговиот двегодишен мандат да заврши порано.

XS
SM
MD
LG