Достапни линкови

Одговорот на САД не го одврати руското мешање


адмирал Мајк Роџерс

Американскиот претседател Доналд Трамп не наредил или дозволил разузнавачките агенции да реагираат против руското мешање и кампањата за дезинформирање, што доведе до слаб одговор кој не ја одврати Москва. Ова го изјави адмирал Мајк Роџерс, директор на американската Сајбер команда и на Националната безбедносна агенција во надлежниот Комитет на американскиот Сенат. „Никогаш не ми е дадена специфична насока да преземам дополнителни мерки надвор од мојата компентенција“, рече тој, наведувајќи дека е неопходен поагресивен одговор, но оти не сака да му кажува на претседателот што да прави.

XS
SM
MD
LG