Достапни линкови

Идентификуван напаѓачот во црквата во Дагестан


Православна црква во Дагестан, илустрација

Руските власти го идентификуваа напаѓачот кој уби пет луѓе пред да биде застрелан од безбедносните власти во една православна црква во Дагестан, руска република во Северен Кавказ која претежно е населена од муслимани. Станува збор за 22 годишниот Халил Халилов од Дагестан. Сите убиени биле жени, додека тројца повредени биле членови на руските безбедносни сили. Милитантите на Исламската држава ја презедоа одговорноста за нападот. Полицијата соопшти дека напаѓачот отворол оган од ловечка пушка на денот пред започнувањето на Велигденскиот пост.

XS
SM
MD
LG