Достапни линкови

Утре продолжуваат судењата за "Поткуп" и за "Шамарите"


Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Зае

Во кривичниот суд во исто време утре на судење се премиерот Зоран Заев, кој е обвинет во предметот "Поткуп" и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, обвинет за поттикнување насилство.

Груевски, заедно со уште 13 лица меѓу кои поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески се обвинети дека поттикнале насилство во Општина Центар во 2013 година. Судијката Татјана Михајлова неколку пати ги одложува рочиштата. На минатото судење не беа присутни двајца од обвинетите. Поради неоправдано отсуство на обвинетиот Димче Крстев, обвинителката Фатиме Фетаи побара на следното рочиште тој да биде стражарно приведен.

Во предметот „Поткуп“, судијката Деана Груевска Илиевска го одби предлогот на адвокатите на премиерот Заев, снимките од ПИ мерките кои се појавија на Јутјуб да се отстранат од доказите. Одбраната поднесе жалба до Апелацискиот суд, по што судот побара мислење од Вишото јавно обвинителство,

Според обвинението за „Поткуп, Заев во својство на градоначалник на Општина Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов, кој сега се води како оштетен, побарал поткуп од 163.924 евра за градежно земјиште во Струмица, за кое Николов бил заинтересиран да го приватизира.

XS
SM
MD
LG