Достапни линкови

Поранешниот казахстански премиер условно пуштен од затвор


Поранешниот казахстански премиер, Серик Ахметов

Поранешниот казахстански премиер, 59-годишниот Серик Ахметов, кој беше осуден за корупција во 2015 година, денеска е ослободен од затвор. Тој беше одуден на 10 години затвор во декември 2015. Првично се изјасни како невин, но откако ја призна вината и побара помилувања, затворската казна во 2016 година му беше намалена за две години. Неговата казна беше повторно скратена во јануари годинава на една година и седум месеци, по амнестијата што ја донесе претседателот Нурсултан Назарбаев во декември.

На почетокот на месецов, регионалниот суд во Караганди во централен Казахстан пресуди остатокот од казната Ахметов да ја отслужи со „ограничување на слободата“, односно условно да биде пуштен на слобода.

Ахметов, кој потекнува во Караганди, беше премиер од септември 2012 до април 2014 година.

XS
SM
MD
LG