Достапни линкови

Германскиот дипломат Рот во посета на Скопје


Германскиот дипломат Михаел Рот од денеска до вторник ќе ги посети Македонија и Србија. Предвидено е државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија Рот прво да го посети Белград а потоа да пристигне во Скопје. Засега нема информации за агендата на Рот при посетата во земјава.

„Беше крајно време да бидат надминати блокадите.Одговорните политичарите ја однесоа земјата во многу тешка ситуација. Затоа сум задоволен од првичните надежни сигнали од новата влада. Премиерот Заев кажа јасно дека сака темелно да се занимава со интеграцијата во ЕУ и дека е искрено заинтересиран за регионално помирување“, се вели во информацијата од германското МНР пред посетата.

Ова е втора посета на Рот од почетокот на политичката криза.

XS
SM
MD
LG