Достапни линкови

Во Франција прв круг од парламентарните избори


Францускиот претседател Емануел Макрон

Речиси 47 Французи гласаат во првиот од двата круга на парламентарните избори. Eмануел Макрон, кој ја победи ривалката од екстремната десница Марин Ле Пен на претседателските избори на 7-ми мај, бара јасен мандат за неговата партија Република во движење.

Анкетите покажуваат дека партијата на Макрон може да добие најмалку 30 отсто од гласовите во првиот круг, десничарските републиканците и сојузници околу 20 отсто и екстремно десничарскиот Национален Фронт на Ле Пен 17 отсто.

Околу 7.882 кандидати се натпреваруваат за Долниот дом на парламентот со 577 седишта. Ако ниту еден кандидат не освои повеќе од 50 отсто во првиот круг, сите кандидати кои ќе се обезбедат најмалку 12,5 отсто ќе одат во вториот круг.

XS
SM
MD
LG