Достапни линкови

Вучиќ за влез на Србија во ЕУ и за блиски односи со Русија


Српскиот премиер Александар Вучиќ

Српскиот премиер Александар Вучиќ за време на гласањето на предвремените парламентарни избори истакна дека земјата ќе продолжи со процесот не евроинтеграција и ќе го забрза членството во блокот. Но, посочи и дека ќе ги зачуваат традиционално добрите односи со нивните пријатели на истокот, мислејќи на Русија.

Тој изјави и дека му се потребни и повеќе пратеници во Парламентот со цел земјата да ги оствари планираните цели. Партијата на Вучиќ, во моментов има 131 пратеничко место што е повеќе од двојно во Парламентот кој брои 250 пратеници.

XS
SM
MD
LG