Достапни линкови

Трнлив патот до „јавни“ информации


Во земјава не се сфаќа доволно важноста на законот за слободен пристап до информации од јавнен карактер, кој е еден од основните демократски механизми.

Звукот на парите го сакаат сите но не и прашањето за тоа на што се потрошени. Кога и да се обидете од некоја институција да добиете одговор на ова прашање, односно за што ги троши парите, честопати ќе наидете на затворена врата. Јавните информации до кои во едно демократско општество треба лесно да се доаѓа и не се баш јавни. Новинарите во секојдневната потрага по информации честопати се судираат со тие затворени врати, но и чест за исклучоците, ги има и такви.
Секоја власт сака резигнирани и апатични и уморни новинари и јас немам сомневање дека нашите професионалци знаат да ги постават прашањата и голем дел од оние кои одговориле дека не го користат законот за слободен пристап до информации, го прават тоа затоа што не веруваат дека ќе добијат вистински одговор. Многу често добиваат таканаречена слама во прашањето како навидум не го разбираат, па им даваат некакви податоци кои се апсолутно неупотребливи, суштинските прашања вистински не се одговараат.
Тамара Чаусидис, Сидникат на новинари.

Институциите може да ви дадат одговори на неколку страници ако ги прашате за навидум неважни работи, тие можат до недоглед да ви објснуваат каде, како и зошто ќе се гради некој споменик, колку ќе биде висок, но ако прашате за пари, како што вели народот како да сте им пикнале прст во око. Тогаш следуваат и етикетите како новинарите се предавници, гласници на спротивната партија, провокатори и слично, но одговор нема. За тоа во медиумите има доста примери, еден од нив е и ситуацијата кога пред речиси една година вицепремиерот Зоран Ставрески во Прилеп влезе во вербален конфликт со новинарката одбегнувајќи да одговори на прашањето „ За што ќе се трошат парите земени на заем од ММФ?“

„Средставата од ММФ ќе се користат согласно договорт со ММФ, за сите буџетски потреби, а пред се за подобрување на ликвидноста на стопанството. Основно неразбирање е прашањето како што го поставувате, бидејќи парите може да се користат само за она што е одобрен буџетот во Собранието.“

Новинарката: Значи не се потрошени парите за ....
Ги лоциравме проблемите, во деве полиња се. Прво го знаат законот,но малку го користат, затоа што едноставно не знаат како да го формулираат барањето до кого да го испратат, значи недоволно познавање на процедурата. И второ скептични се спрема институциите затоа што или не им одговараат или тие што им одговараат има и такви во голем број, сепак не секогаш доставуваат задоволителен одговор, туку даваат нецелосен одговор кој што натаму може малку да се искористи со цел да информира.
Герман Филков, Центар за граѓански комуникации.

„Значи не разбирате ако повторно го прашате истото, не го разбирате буџетскиот процес, ви советувам да си го прочитате законот за буџет.“

„Значи можеби треба да кажете со чии пари отворено ќе ...

„Значи госпоѓо вие сте економски неписмена не можам да ви одговарам, тотално сте економски неписмена.“

Новинарите се плашат да постават прашања

Претседателката на Сидникатот на новинарите Тамара Чаусидис смета дека проблемот со неодговарањето на претставниците на институциите, не е во незнаењето на новинарите да постават вистинско прашање, туку веќе стана проблем на опкружувањето и наметнатиот страв од поставување прашање.
Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации.
Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации.

„Секоја власт сака резигнирани и апатични и уморни новинари и јас немам сомневање дека нашите професионалци знаат да ги постават прашањата и голем дел од оние кои одговориле дека не го користат законот за слободен пристап до информации, го прават тоа затоа што не веруваат дека ќе добијат вистински одговор. Многу често добиваат таканаречена слама во прашањето како навидум не го разбираат, па им даваат некакви податоци кои се апсолутно неупотребливи, суштинските прашања вистински не се одговараат. “
Најголемиот проблем во Македонија е молкот на институциите односно институциите се заштитуваат така да кажам, ако не сакаат да ви ја дадат информацијата едноставно ве игнорираат и тоа во суштина е најголем проблем за овој закон. Тоа го констатира и второстепената комисија за заштита на правото на слободен пристап до информации која е надлежна да го следи неговото имплементирање. Ова значи дека институциите пробуваат да ве обесхрабрат, да не ја добиете со тоа што ве игнорираат.
Данче Данаилова Бајдевска, Институтот отворено општество.

Таа додава дека дополнителен проблем се и условите во кои работат новинарите и стравот што го имаат дека ќе бидат етикетирани како непријателски со што подоцна ќе трпат последици на нивното работно место.

„Само навидум делува цинизам да барате од новинарите да се бунтуваат, да го ползуваат правото за пристап до инфомации од јавен карактер и да со тоа евентуално го загрозат своето работно место. Велам навидум затоа што секој професионалец кој што денеска е приморан да работи во услови на „молчи и не бранувај“ знае колку скапа цена е тоа. Тоа е скапа цена што ние секојдневно ја плаќаме, мислам тие што се уште имаат работа.“

Една од законските алатки за истражување е законот за слободен пристап до информации кој е донесен во 2006-тата година и генерално е оценет како добар закон, но се разбира на хартија затоа што кога доаѓа во пракса неговото спроведување реалноста е поинаква.

Комисијата не е прекршочен орган, законот тоа не го дозволува, но сепак странката која што нема да го добие одговорот што го бара од институциите и покрај одлуката на комисијата и задолжувањето на имателот да ја достави бараната информација, има право на заштита и поведување постапка на управен суд.
Бобан Пановски,Комисија за заштита на слободниот пристап до информации од јавен карактер.
Или луѓето не знаат за него и не го користат или пак доколку го користат од институциите не секогаш добиват одговори, а кога институциите одговараат добивате проформа, нешто во кое нема суштинска информација.
Истражувањето што го спроведува Центарот за граѓански комуникаци покажува дека 58 проценти од анкетираните новинари во изминативе 6 години, ниту еднаш не доставиле барање за информации од јавен карактер, користејќи го овој закон како алатка во собирањето информации. Ниту еден од анкетираните не го оценува пристапот до информации од јавен карактер како лесен напротив сметаат дека е тежок. Причините поради кои новинарите недоволно го користат законското право за пристап до инфомации од јавен карактер е нивната недоверба во институциите дека ќе одговорат за 30 дена, ограничената транспарентност на институциите и селективното и нецелесно одговарање на прашања како и долгиот рок предвиден со законот, во кој институцијата е должна да одговори вели Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации.

„Ги лоциравме проблемите, во две полиња се. Прво го знаат законот, но малку го користат, затоа што едноставно не знаат како да го формулираат барањето до кого да го испратат, значи недоволно познавање на процедурата. И второ скептични се спрема институциите затоа што или не им одговараат или тие што им одговараат има и такви во голем број, сепак не секогаш доставуваат задоволителен одговор, туку даваат нецелосен одговор кој што натаму може малку да се искористи со цел да информира.“

Прашај за што сакаш, освен за пари

Според искуството на невладините организациите, најчуствителни теми за институциите се парите.

„Кога ќе се спомне колку пари сте потрошиле институциите добиваат еден уплав, иако можеби се тоа било легално и добро. Но кога ќе се споменат пари секогаш добиваат некаква задршка, но полека барам во нашиот проект се ослободуваат и ни ги даваат тие информации кои што се јавни информации затоа што се трошат јавни пари и мислам дека треба и новинарите да го следат примерот на невладините организации, повеќе да доставуваат барања“, вели Филков.

Новинарите од Радио Слободна Европа, испратија три прашања до институциите користејќи го законот за слободен пристап до информации како алатка во потрага по одговори. Првото прашање беше „ Колку чинат спомениците и градбите од проектот Скопје 2014 година заедно со сите анекси на договорите?“

Одговор побаравме од Министерството за култура и скопската општина Центар, каде што се поставени најголемиот дел од објектите на Скопје 2014. Но, суштински одговор од институциите не добивме. По истекот на законскиот рок од 30 дена пристигнаа две писма во кои на две страници беше наведено дека според законот, одговор не можат да ни дадат. Министертвото за култура ни одговори дека нашето прашање односно барање е непотполно и поради тоа ќе се водат по законот за општа управна постапка и нема да одговорат. Проблемот во непотполноста на барањето е банална – не било своерачно потпишано.

Од општината Центар пак ни испратија одговорот сами да го бараме во Службен весник, затоа што таму биле како што велат во одговорот„ уредно објавувани сите податоци од програмата на општината, а што се однесува до средставата потрошени за градбите не би можеле да одговорат затоа што градбата на објектите и фасадите се во ингеренција на други институции.“

Во вториот случај новинарка од РСЕ испрати прашање до Музејот за Mакедонската борба за државност и самостојност, Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите од комунистичкиот режим.
Прашањето гласеше „Колку електрична енергија се троши за осветлување на фасадата на Музејот на ВМРО? “ Тоа беше периодот кога во Македонија се прогласи енергетска криза, а уличното осветлување беше исклучено со цел да се штеди, но не и осветлувањето на објектите од Скопје 2014. Изминаа неколку месеци, но оттаму ни трага ни глас.

Е третиот случај е позитивен, одговор стигна и во него замислете навистина имаше бројки. Колегата од нашето радио, испрати барање до Министертвото за внатрешни работи, да му одговорат на прашањето „ Колку гориво потрошиле службените возилата на МВР во 2011 година?“ Од МВР одговорија дека во текот на изминатата година, 2203 моторни возила потрошиле 1 милион и 262 илјади литри бензин и 704 илјади литри нафта.

Три прашања и три различни искуства. Колку навистина законот за слободен пристап до информации помага во зголемувањето на транспатентноста и отчетноста на институциите?

Дел од невладините организации оценија дека слободниот пристап до информации е на пат да атрофира како инструмент доколку се продолжи со досегашниот начин на однесување, бидејќи државните институции се потешко ќе се откажуваат од сегашната лагодна позиција на пласирање само на оние информации кои одат во прилог на нивните интереси, а кои не секогаш ги одразуваат и вистинските интересите на граѓаните.

Институциите ве игнорираат за да не ви дадат одговор

Данче Данаилова Бајдевска од Институтот отворено општество, еден од учесниците во подготовките на законот и ја следат неговата примена во последните 6 години, вели дека во изминатиов период постои одреден напредок во користењето на законот како алатка за истражување, но тоа се уште не е на задоволитално ниво, затоа што во 2009-тата година околу 60 проценти од граѓаните не ни знаеле дека овој закон постои.

„Најголемиот проблем во Македонија е молкот на институциите односно институциите се заштитуваат така да кажам, ако не сакаат да ви ја дадат информацијата едноставно ве игнорираат и тоа во суштина е најголем проблем за овој закон. Тоа го констатира и второстепената комисија за заштита на правото на слободен пристап до информации која е надлежна да го следи неговото имплементирање. Ова значи дека институциите пробуваат да ве обесхрабрат, да не ја добиете со тоа што ве игнорираат.“

Најчестите корисници на оваа алатка се невладините организации кои од институциите бараат информации за нивните истражувања. Македонското здружение на млади правници честопати се побарувачи на информации, тие велат дека оваа алатка е недоволно искористена. Проект- координаторот Гоце Коцевски вели дека се задоволни од одговорите, но еден од проблемите со кои се соочуваат е нецелосниот одговор кој го добиваат од институциите.

„Многу често се случува органот формално да одговори на барањето да даде еден сувопарен одговор, меѓутоа суштината ја нема, затоа треба многу да се внимава при самото формулирање на прашањето затоа што кај некои од државните органи особено ако се бара специфична информација, многу често кај нив постои тенденција да се ескивира. И се разбира доколку не одговорат потоа низ жалбената постапка, некако и се врзани рацете на второстепениот орган затоа тој не навлегува во суштината на инфомациите туку дали постапил проформа.“

Портпаролот на комисијата за заштита на слободниот пристап до информации од јавен карактер Бобан Пановски, вели дека 70 проценти од жалбите се од невладиниот сектор додека само 30 проценти се на граѓани кои се жалеле дека не добиле одговор во законскиот рок. За критиките насочени кон нецелосните одговори кои се добиваат од институциите, тој вели дека комисијата може само да донесе одлука и да побара да одговорат.

„Комисијата не е прекршочен орган, законот тоа не го дозволува, но сепак странката која што нема да го добие одговорот што го бара од институциите и покрај одлуката на комисијата и задолжувањето на имателот да ја достави бараната информација, има право на заштита и поведување постапка на управен суд.“

Во обидот да се рангираат институциите по достапноста на институциите, поотворени и расположени за споделување на информации се институциите на локално ниво, вели Бајдевска.

„Можам да ви кажам дека најголем прогрес има на локално ниво односно општините највеќе сакаат да соработуваат со граѓаните за разлика од нив централната власт е многу позатворена а од категоријата централна власт, Владата е една од најзатворените институции иако во дел од извештаите на Комисијата може да сретнете дека високообразовните институции и судството се затворени, тие дефинитивно според нашите статистики и истражувања се на пониско ниво затворени од Владата.“

Колку државата му должи на стопанството?

Едно од често поставуваните и неодговорени прашања е „ Колку државата му должи на стопанството“.

Прашање кое во изминативе неколку години е поставено до министрите за економија и финасии, до премиерот, но одговорот е секогаш ист.
Недостапноста на овој податок е одбранет со неговата дневна менливост, само како тогаш не се најде математичар во министерството да извади барем средна вредност на долгот која би била и со мала грешка, не е проблем се додека барем од прилика е јавен долгот.

Пред еден месец опозицијата во собранието поднесе предлог измени на законот со кои ќе се внесе член што треба да донесе обврска за соопштување на тој податок.

„Тешко може секој да има пристап до информациите од јавен карактер. Институциите херметички ги кријат информациите, како што е долгот на Владата кон компаниите“, вели Изет Зеќири од НДП.

За пратениците од власта, податоците за јавниот долг се тековни и секојдневно се менуваат па затоа и не можат да одговорат на тоа прашање.

„Ова ми личи на дневно - политичко препукување. Кажете што е она што ќе го добијат граѓаните со она што вие барате да го добиете како информација. Велите дека не сте можеле да добиете информација. Дали вие сте ја запазиле целата процедура, дали сте поднеле официјално барање“,одговори Малиша Станковиќ од Социјалистичката партија.

Според познавачите на законот, нема потреба од измени во законот затоа што Владата и според сегашниот закон за слободен пристап до информации е должна да одговори на тоа прашање.
Невладините организации проблеми гледаат и во работата на комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации.

Во изминативе 6 години од постоењето на законот ниту една институција не е казнета за недавање на информација. Бајдевска, вели дека е време да се промени улогата на комисијата за заштита која е повеќе едукативна.

„Ако граѓаните се казнуваат за сторени прекршоци на пример за нарушување на јавниот ред и мир или за загрозување на чистотата во државата, зошто тогаш институциите да бидат поштедени и досега после 6 години ниту една да не е казната затоа што не ви дава пристап до информации. Зошто да имаат предност од граѓаните?

Ниту една институција не е казната затоа што не дала пристап до информации

Таа додава дека намалениот буџет на комисијата укажува на фактот дека државата нема интерес да го спроведе законот до крај.

„Затоа што кампања произведена на телевизија не е транспарентност и отчетност на една влада. Транспарентност и отчетност во суштина значи да ви бидат достапни информациите кои вас како граѓани ви требаат. За да може една комисија да биде доболно капацитетна да го спроведува овој закон мора да има поголем буџет. Таа нема доволно пари на пример да направи една солидна кампања за граѓаните да бидат запознаени дека ова е една солидна алатка за да се дојде до информации.“

Пановски вели дека повеќе пари на секоја институција би и дошле добро, но додава дека намаленоста на буџетот на комисијата не влијаел врз извршувањето на обврските на членовите.

„Проблемот со финансирањето на комисијата односно обврски кои се создадени од 2006-тата година па навака, е главниот проблем кој го има комисијата и која што се уште исплаќа долгови кои што се направени пред 4,5 години и се однесуваат на комунални услуги. Но сепак овој состав ја подобрува сликата во однос на долговите кои ги има самата комисија.“

Законот за пристап до информации на пресвртница

Законот сега се наоѓа на пресвртница или користењето на оваа алатка ќе се користи масовно или во целост ќе замре нејзината употреба, затоа сега е вистински момент да се размисли како да се подобри спроведувањето на овој закон, дали со санкции за институциите или со друга мерка да се натераат институциите да ги даваат информациите кои се бараат од нив, време е нешто да се презема, предупредува Филков. Тој додава во земјава не се сфаќа доволно важноста на овој закон кој е еден од основните демократски закони во сите земји, идеата за пристапот до информации од јавен карактер во некои земји се споменува уште во 16 век.

Во Европа нема унифициран модел на пристап до информации од јавен карактер. За најлиберален се смета британскиот. додека Малта и Германија применуваат малку постегнат закон. Но, во ниту една држава од Европската Унија која се уште информациите од јавен карактер ги смета за тајна и ексклузивна привилегија само на институциите, нешто што во земјава може да се земе како пракса. Бугарија и Србија се едни од примерите каде што новинарите користејќи го законот како алатка за прибирање на информации открија стотици афери.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG