Достапни линкови

Страв и омраза наспроти трговија на ерменско - азејберџанската граница


Ерменско знаме во граничното село Шурнук (3 Февруари)

Меѓународните финансиски институции долго време сметаа дека најдобриот начин за поттикнување на мирот и стабилноста во сценариото за поствоена реконструкција е градење економски врски меѓу поранешните противници. Ќе им помогне ли овој модел н Ерменија и Азербејџан

Леб, сирење, сок, алкохол и цигари. Овие производи секојдневно ги продава Лусине Алексијан , која има продавничка во јужната ерменска провинција Сиуник. На само неколку метри од нејзиниот дуќан во селото Шурнух е границата со Азербејџан.

Руските мировници и азербејџанските војници пристигнаа во Шурнух на почетокот на годината според условите на мировниот договор од ноември 2020 година, со кој се стави крај на војната околу Нагорно - Карабах.

Тие со ГПС локатори утврдиле дека 12 од куќите во Шурнух се наоѓаат во Кубадли - една од седумтте азербејџански области што го опкружуваат Нагорно-Карабах и биле окупирани од етничките ерменски сили во раните 90-ти.

Инаку, никогаш не било предвидено границата да биде меѓународна, бидејќи постојат два окрузи од времето на Советскиот Сојуз пресекувајќи села и патишта на југ од ерменскиот град Горис.

Засега, нема граница за да ги спречи жителите на Шурнух да преминуваат во азербејџанската територија и да се враќаат назад во своето село. Единствената ознака дека тука има граница е мал син натпис, кој неодамна беше подигнат од азербејџански војници.
Но, од својата продавница Алексаниан може да ги види знамињата на Ерменија, Азербејџан и руските мировници. Таа вели дека кај неа доаѓале и руски мировници , а и дека би им продавала и на Азербејџанците, иако досега ниту еден Азербејџанец не влегол во продавницата.

„Зошто да не? Јас сум дуќанџија“, вели таа за РСЕ. „Каква разлика има за мене ако се Ерменци, Азербејџанци или Грузијци?

Но, сопругот на Алеканијан, Хатурин Газаријан, не се сложува со оваа нејзина изјава, тој оди дотаму дека ако во дуќанот влезат Азербејџанци тој би го убил , а потоа и неговата сопруга.

Алексаниан вели дека е запознаена со гласините кои кружат во другите делови на Ерменија за некои од 80-те жители на Шурнух кои прават зделки за размена на огревно дрво од азербејџаните.

Но, таа и другите селани велат дека тие гласини се невистинити. „Можеби по година или две, ова ќе биде возможно“, вели таа. "Но сега, не можеме. Се што се случува е многу емотивно за сите нас".

Традиција на тргување

Томас де Вал, eкспертот за Кавказ во „Карнеги Европа“ , вели дека не е изненаден што постојат гласини за трговска размена во пограничните села како Шурнух - и покрај стравовите и непријателскиот однос од луѓето од двете страни на границата. „Секој што поминал некое време во регионот знае дека Ерменците и Азербејџанците имаат долга традиција да тргуваат едни со други, особено соседна Грузија“, вели за Де Вал за Радио Слободна Европа.

Де Вал забележува дека отворениот пазар во Грузија и во Ерменија и во Азербејџан бил всушност брза трговија меѓу десетици илјади Ерменци и Азербејџанци пред да биде затворен од царински службеници.

"Го посетив пазарот во Садахло во Грузија кога работеше многу добро, кога сè уште беше отворен и немаше Грузијци. Само Ерменци и Азербејџанци", вели Де Вал.

„Мислам дека има многу Ерменци и Азербејџанци кои имаат добро искуство во трговија едни со други“, продолжува тој. „Ако политичарите не застанат на патот и ако се чувствуваат безбедно, мислам дека тоа е исклучително можно, пак да почнат да тргуваат“.

„Очигледно, не е лесно, со оглед на горчината, загубата на животи и трагедиите што ги претрпеа луѓето“, вели тој. „Но, мислам дека е можно. Сè е во тоа да се направи заемно корисно, така што оваа трговија не станува зависна, туку меѓусебно зависна - дека секоја страна чувствува дека има корист од трговијата“.


Гранични блокади

Граничниот пазар кај Садахло - село населено претежно со етнички Азербејџанци - било погодно место за регионална трговија откако биле прекинати директните врски помеѓу Азербејџан и Ерменија за време на раните 90-ти, поради војната во Нагорно- Карабах.

Турција, оттогаш, ја држи затворена границата со Ерменија како одговор на окупацијата од страна на етничките ерменски сили на азербејџанската територија околу Карабах.

Во 2009 е потпишан договор, чија цел е враќање на врските помеѓу Турција и Ерменија, како и отворање на нивната заедничка граница. Но,зделката пропаднала 9 години подоцна , без да биде имплементирана.

Ерменија го обвинува неуспехот за нормализирање на турско-ерменските односи, поради едновековното непријателство што произлегува од масовното убиство на Ерменците од страна на османлиските сили за време на Првата светска војна и повоените години. Турција, пак, негира дека има организирана кампања за геноцид врз Ерменците, како што вели Ерменија и уште неколку странски држави.

Инаку, споровите ја оставија Ерменија со само два копнени патишта за увоз и извоз - преку Грузија на север и преку Иран на југ.

Во меѓувреме, развојот на транзитни патишта што го поврзуваат Баку со Турција ја заобиколија Ерменија - со проекти како кинеската иницијатива за пат и преку-анадолскиот гасовод за природен гас кои минуваа низ Грузија.

Метју Брајза, поранешен амбасадор на САД во Азербејџан кој посредуваше во конфликтот Карабах како американски ко-претседател на групата Минск на ОБСЕ пред повеќе од една деценија, вели дека мировниот договор во ноември има потенцијал да покрене економски раст низ целиот Кавказ.

Брајза, кој сега живее во Истанбул и е во управниот одбор на турската енергетска фирма „Туркас Петрол“, за РСЕ изјави дека враќањето на Азербејџан на нејзината територија околу Карабах може да го расчисти патот за обновување на долго прекинатите трговски врски на Ерменија со Турција и Азербејџан .

Во својата колумна објавена на „Атлантски совет“, Брајза рече дека мировниот договор „не само што завршува еден од најдолготрајните конфликти во светот, туку ,исто така, може да катализира други дипломатски и економски договори што можат да го вратат мирот, просперитетот и стабилноста во целиот регион“.

Ерменскиот премиер Никол Пашинин и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев се состанаа во Москва на 11 јануари со претседателот Владимир Путин за да ги разгледаат деталите нерешени со договорот со посредство на Русија - вклучително и како да ги обноват железничките, патните и комуникациските врски.

Еден проект што тие го објавија беше обновување на железничката линија од времето на Советскиот Сојуз, која го поврзуваше Ереван со Русија, минувајќи низ ексклавата на Назербијан во Азербејџан пред да премине низ јужна Ерменија, а потоа и во Азербејџан. Проектот ,исто така, ќе му даде директна железничка врска на Азербејџан за затворање на сојузникот Турција со разгранување од истата рута преку Накшиван.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Jававад Зариф вели дека и Иран сака да воспостави железничка врска со Ерменија што минува низ Накшиван. „Тоа е едно барање и за Иран и Ерменија, како и за регионот и ние работиме со Ерменија, Азербејџан и Русија“, рече Зариф по разговорите со Пашинијан во Ереван на 27 јануари.

Во меѓувреме, вицепремиерите од Ерменија, Азербејџан и Русија се состанаа во Москва како дел од пошироката иницијатива за инфраструктура. Оваа недела тие формираа работни групи кои се закажани на 5 февруари, за да започнат подлабоко да навлегуваат во деталите.

Де Вал вели дека смета дека Минската група на ОБСЕ и другите меѓународни тела можат да помогнат во донесувањето на потребното финансирање за обновување на транспортната и граничната инфраструктура. „Тука е многу голема важноста за враќање на економските односи“, рече тој за РСЕ. „Треба да се најде начин ова да не им користи само на Азербејџан, Турција и Русија. Ерменците треба да чувствуваат дека имаат корист од обновување на економските односи - вклучително и Ерменците од Карабах.“

Де Вал го наведува западниот дел на Азербејџан Калбакар, еден од седумте области кои неодамна се вратија под контрола на Баку, како пример за тоа како со воспоставувањето на прекуграничната трговија може да има корист и Азербејџанците и Ерменците. „Регионот Калбачар е многу изолиран“, вели тој. „Мислам дека е многу тешко да се сфати дека е економски одржлива без соодветна трговија со Карабах и со Ерменија. ".

Поствоени мировни придобивки

Меѓународните финансиски институции долго време сметаа дека најдобриот начин за поттикнување на мирот и стабилноста во сценариото за поствоена реконструкција е градење економски врски меѓу поранешните противници. Светска банка вели дека тоа треба да се направи не само преку политиките на националните влади, туку особено преку подобрување на трговските врски и соработката меѓу локалните заедници од двете страни на напнатите граници.

Идејата е да се избегне повторување на грешките направени од земјите наследнички на Австро-унгарската империја по Првата светска војна - уништување на регионалната трговија.

Овој регионален пристап за подобрување на прекуграничните врски беше моделот што се користеше за реконструкција на Западна Европа според Маршаловиот план по Втората светска војна, особено преку француско-германската граница во близина на регионот Алзас-Лорен, спорен регион кој го смени статусот многу пати во историјата.

Овој пристап се користеше како модел за реконструкција на Балканот по војните за поранешна Југославија во 90-тите години на минатиот век.

Сепак, сомневањата и непријателствата меѓу поранешните завојувани држави може да значат и недостаток на државно финансирање за кооперативни проекти во пограничните области. Тоа ги остава границите лишени од инфраструктурата потребна за брзо движење на трговијата и сообраќајот.

„Прагматично гледано, повлекувањето на ерменските сили од седумте територии околу Карабах значи дека е отстранета пречката за нормализирани односи меѓу Ерменија и Турција и отворање на границата“, објаснува Де Вал. „Тоа беше навистина главниот проблем на Турција со Ерменија.

Но, Де Вал вели дека односите меѓу Анкара и Ереван сега се „неверојатно лоши со оглед на фактот дека Турција му помогна на Азербејџан да ја добие војната“.

„Што се однесува до Ерменците, Турција има „нова крв на рацете“, рече тој.

„Мислам дека историските поплаки се уште се многу силни и со многу оправдување од ерменската страна. Затоа мислам дека ќе видиме потег кон отворање на турско-ерменската граница - некаков вид обнова на трговијата и економски односи. Но претпоставувам дека Ерменците не брзаат да го сторат тоа, можеби, сè додека Ердоган е на власт “.

Студија на Светска банка за влијанието од укинувањето на блокадите од страна на Турција и Азербејџан заклучи дека „потенцијалните мировни придобивки се особено високи за Ерменија“ и можат да и помогнат на Ерменија „повеќе од двојно од вкупниот извоз“.

„Ако се отстранат блокадите, трговските нарушувања ќе бидат ублажени, носејќи позитивни краткорочни ефекти на благосостојба - вклучително порационални трговски текови, продолжување или големо зголемување на регионалната трговија со некои главни производи како што се енергијата и пониски цени или поголеми профитни маржи на некои важни добра за потрошувачка и производство “, велат економисти на Светска банка.

Како и да е, владата во Ереван покажа дека се уште не е подготвена да дозволи слободна трговија со Турција. На почетокот на годината стана нелегално продавниците во Ерменија да продаваат турска стока.

Забраната беше објавена кон крајот на октомври, додека во Карабах сè уште траеше војната. Ерменската влада рече дека тоа е мотивирано од „отворената и очигледна промоција и поддршка од страна на Турција на [азербејџанската] агресија“.

Всушност, овој потег лошо ги погоди ерменските трговци кои внесуваа турска стока во земјата преку Грузија.

Како членка на Евроазиската економска унија (ЕЕУ) предводена од Русија, Ерменија може само еднострано да наметне ваква забрана за шест месеци. Но, забраната може да се продолжи на неодредено време.

Автори: Рон Синовиц и Сузан Бадалиан

Подготви: Теодора Цветковска

XS
SM
MD
LG