Достапни линкови

Цивилите, жртви од борбите во Нагорно Карабах

Десетици цивили се убиени во борбите околу спорниот регион Нагорно Карабах во последната ескалација на конфликтот меѓу ерменските и азербејџанските сили, објавија медиумите. Баку и Ереван меѓусебно се обвинуваат за распоредување тешка артилерија, додека меѓународната заедница повикува на прекин на борбените дејствија.

Конфликтите околу Нагорно Карабах се најлоши од 2016 година и повторно ја зголемија загриженоста за стабилноста во регионот на Јужен Кавказ, коридор за нафтоводи и гасоводи до светските пазари. Борбите што повторно избувнаа на 27 септември се најсмртоносните во последните четири години во ерменската сепаратистичка енклава во Азербејџан.

Конфликтот меѓу двете земји избувна во 1988 година поради барањата на етничките Ерменци за независност на регионот Нагорно Карабах во Азербејџан и обединување со Ерменија во моментот кога се распадна Советскиот сојуз. Војната траеше од 1992 до 1994 година. Во 1994 година беше договорено примирје, со што се стави крај на крвопролевањето што однесе животи на 30.000 луѓе.

Главно планински регион Нагорно-Карабах се наоѓа на територијата на поранешната советска држава Азербејџан и според меѓународното право е признат како дел од таа земја.

Вчитај повеќе

16x9 Image

Гоце Атанасов

Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG