Достапни линкови

Русија и Иран и нивните ограничувања за економско заздравување


Многу земји со ограничена економска моќ, честопати со политички раководства кои не соработуваат и се казнети да немаат пристап кон финансиските пазари се соочуваат со многу поголеми предизвици од познатите светски лидери како САД и земјите од еврозоната.

Скоро половина милион смртни случаи. Скоро 9 милиони заразени. И скоро секој аспект од животот на милијарди луѓе низ целиот свет чека медицински напредок во борбата против ковид-19.

Но, надвор од директните човечки жртви од коронавирусот што се појави кон крајот на минатата година, економските трошоци се скоро неверојатни.

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во својот последен економски преглед предупредува дека очекува светската економија да се намали оваа година за најмалку 6 проценти, или за 7,6 проценти ако „се појави втор пик на болеста во повеќето земји кон крајот на годинава“.

ММФ со ажурирана прогноза за светската економија

ОЕЦД предвидува стапка на невработеност помеѓу 9,2 и 10 проценти или околу 360 милиони од вкупната работна сила од 3,6 милијарди луѓе.

Меѓународната организација на трудот (МОТ) пак, предупреди дека уште 1,6 милијарди луѓе ризикуваат да имаат намалени средства за егзистенција.

Демонстранти на митингво Сараево на протест против наводната корупција на високо ниво во босанската влада.
Демонстранти на митингво Сараево на протест против наводната корупција на високо ниво во босанската влада.

Деведесет и четири проценти од работници во светот во минатиот месец беа во држави кои спроведуваат некаков вид на затворање на работните места, а над еден од шест млади луѓе ширум светот изгубиле работа од почетокот на пандемијата, наведува МОТ.

„За прв пат по Големата депресија, и напредните пазарни економии ќе бидат во рецесија во 2020 година“, предупреди Гита Гопинат од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Економската слика е мрачна дури и меѓу најбогатите во светот, бидејќи владите и креаторите на политиките, обидувајќи се да излезат од катастрофалната криза во јавното здравство, трошат трилиони долари и ја ставија под прашалник иднината на целиот економски сектор.

Измешани букви

Откако земјите повторно се отворија за да ги ограничат економските штети и покрај тековните здравствени ризици кои обично се опишуваат како втора од трите најверојатни фази на пандемијата до изнаоѓање вакцина - голем дел од неодамнешната дискусија се фокусираше врз потенцијалот, брзината и силата на националните пресврти.

Самит на ЕУ за заживување на економија

Економистите додадоа неколку други букви на познатата шема „V“ за да ги откријат можните облици на графиконите за падот на економското производство што го донесе вирусот.

„Повеќето луѓе гледаат на закрепнување во облик на V, но мислиме дека се ќе застане на половина пат“, оценува главниот економист на ОЕЦД, Лоренс Бун

„V“

Познатиот графикон во форма на латинската буква „V“. како што многумина се надеваат,претставува брзо враќање на претходните економски нивоа.

Производството забрзано паѓа, но скока веднаш по исклучувањето и сопирачките од социјалното растојание и се враќа на претходните нивоа.

„U“

Вака би изгледало економското закрепнување доколку прекините и стопирањата се одолговлекуваат подолг временски период, оставајќи извесен период на застој.

илустрација
илустрација

Тоа сугерира дека многу форми на економска активност остануваат во мирување, вработувањето останува привремено под нивото пред ковид-19, а туризмот и патувањата не се во голем замав.

Но, тоа исто така сугерира дека закрепнувањето може да биде брзо откако ќе се отстранат затворањата.

„Z“

Најоптимистично предвидување за закрепнување е, „Z“ односно курс на брз раст на БДП по првичниот економски удар кој продолжува да расте сè додека не ги надмине пред пандемичните очекувања за економијата.

Ковид-19: добра превенција и лоша економија

Според ова сценарио, откако економијата ќе бележи пад од првото појавување на ковид-19, трошењето и побарувачката создаваат услови за економски бум.

„W“

Ова е запирање и почеток на закрепнувањето, ама дуплирано според првиот и вториот бран на ковид-19.

Веднаш по првиот удар на пандемијата, има брз развој; потоа повторно пад од втората појава на коронавирусот доволно сериозна за да предизвика заклучувања и затворања, заедно со другите ефекти што ја запираат економијата пред второто брзо закрепнување како никогаш да немало пандемија.

„L“

Ова е најпесимистичкото од сите предвидувања, при што економијата паѓа и никогаш не се опоравува доволно.

илустрација
илустрација

Ова сценарио може да биде веројатно, сметаат економистите, како резултат на „изгубените инвестиции за време на кризата, преиспитувањето на глобалните вредности, постојаната промена во фискалната политика и забавувањето на растот на продуктивноста“.

Обидете се со нешто – со што било

До почетокот на јуни, наведува ММФ, владите ширум светот потрошиле околу 10 трилиони долари од државните буџети за да му се спротивставатна влијанието на пандемијата врз економијата.

Светска банка предвидува најголем пад на економијата и раст на сиромаштијата

„Правило бр. 1 за економијата е да се има контрола врз ширењето на вирусот“, вели Остин Голсбе, поранешен претседател на претседателскиот совет на економски советници на САД.

Одговорите на владите ширум светот главно се мешавина од конвенционални пристапи како директни плаќања кон домаќинствата и деловните субјекти, евтино кредитирање и одложување на данокот, со надеж за рано враќање на нормалноста.

Искуствата на земји како Русија и Иран - но исто така и на помалку истакнати како Белорусија, Романија и Србија - ги потенцираат ограничувањата со кои се соочуваат.

Русија

Аналитичарите посочуваат дека Русија била подобро економски подготвена за затворање во услови на пандемија од другите земји, делумно заради нејзиното искуство со санкциите и другите меѓународни притисоци.

Русија мина шест години под меѓународни санкции за нејзините агресивни активности во Украина кои се обидоа да ја изолираат Русија од глобалната економија.

И веќе беше принудена на мерки за штедење, вклучително и на непопуларните пензиски реформи, бидејќи падот на цените на нафтата ги изгриза главните извори на државни приходи.

Москва со наградни игри за привлекување гласачи на референдум

Исто така имаше стотици милијарди долари во резерви на злато и валута, што ги натера експертите како главниот економист на Глобал Маркетс, Владимир Тихомиров да сугерираат дека „Русија ќе биде малку подобра од другите земји“.

„Можно е, вели тој за Њујорк Тајмс, дека работите ќе се вратат во животот побргу во Русија отколку во другите земји“.

Резервите можат да помогнат во финансирањето на напорите за стимулирање, без принудување на Русија да се натпреварува за финансирање од пазарот на капитал.

Но, рускиот застарен здравствен систем и постојаната зависност од приходите од нафта и бензин сè уште можат да бидат закана што ќе ги отстрани тие предности.

рускиот претседател Владимир Путин
рускиот претседател Владимир Путин

Владата му го претстави на Путин Националниот план на почетокот на јуни кој има за цел стабилизација до крајот на оваа година, извесно закрепнување до идната пролет и враќање на растот до крајот на следната година.

Но, сето тоа и двата претходни руски пакета за економска поддршка вредат вкупно 53 милијарди долари, или нешто повеќе од 3 проценти од БДП (наспроти двоцифрените стимулативни пакети на САД, Јапонија, па дури и Србија, на пример).

Економскиот аналитичар Николас Трикет го карактеризираше трошењето на Русија како „спас, а не стимул“.

Иран

Иран, од друга страна, беше погоден со пандемијата, со сериозност и обем кои ја погодија економијата од многу лошо до уште полошо.

Американските санкции од 2018 година веќе ја загрозија иранската економија, поради што ММФ предвидуваше нула раст за 2020 година.

Една четвртина од работната сила во Иран веќе беше без работа и страдаше од најголема инфлација во изминативе 25 години.

Ковид-19 и санкциите од САД ја турнаа иранската валута

Веќе блокиран од санкциите на САД за продажба на голем дел од својата нафта, Иран дополнително беше погоден од историски ниските цени на нафтата, бидејќи пандемијата ги парализира економиите ширум светот.

Поделбите, наводно, се прошириле меѓу тврдокорните и владата, во врска со мерките за спречување на коронавирусот.

иранската валута риал
иранската валута риал

Владата и централната банка ги одложија исплатите на долговите и даноците.

„Стимулативниот пакет од 6,3 милијарди долари е „далеку помал од кој било од другите земји што произведуваат нафта во Персискиот Залив и покрај тоа што е втора по големина економија во регионот“, вели Гарет Нада од американскиот Институт за мир.

Кога иранските власти побараа 5 милијарди долари за финансирање во итни случаи од ММФ – прво такво барање на Техеран од Исламската револуција во 1979 година - американски официјални претставници одговорија дека ќе го блокираат барањето.

До крајот на март, владата беше принудена на вонреден чекор за користење на околу милијарда долари од својот Национален фонд за развој за да се спречи кризата.

Претседателот Хасан Рохани, посочи дека Иранците можат да се надеваат во нивните земјоделски и не нафтени сектори.

Но, ММФ предвидува намалување од 6 проценти во иранските не-нафтени сектори за годинава.

Белорусија

Во Белорусија претседателот Александар Лукашенко и други официјални претставници во оваа постсоветска држава задоцнето ги признаа економските последици од неа нудејќи главно даночни одложувања.

Некои, наводно, биле ангажирани и во обид да позајмат 3 милијарди долари од меѓународните институции како Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Светската банка и ММФ, но и од Кина.

Лукашенко ја распушти белоруската влада

Но, Лукашенко се чини дека ја отфрли можноста за кредити од ММФ поради условите за позајмување.

Чекање ред за вода во Минск, Белорусија
Чекање ред за вода во Минск, Белорусија

„ММФ продолжува да бара да прогласиме заклучување, изолација, полициски час“, рече Лукашенко на 19 јуни. „Каква глупост е тоа? Ние нема да танцуваме по туѓи мелодии“.

Вистинските мерки на белоруската влада се претежно симболични, а деловните лидери го отфрлија указот на Лукашенка за поддршка на економијата како „лист од смоква“ со мал ефект, освен за одржување на поддршка за непрофитабилните државни претпријатија, вклучително и преку директни плаќања.

Србија

Во Србија, по неволното прифаќање на опасностите од новиот коронавирус, владата комбинираше агресивно заклучување и вонредна состојба со огромна доза на мерки за да се обиде да ја задржи во живот една од најперспективните економии на Балканот.

српскиот претседател Александар Вучиќ
српскиот претседател Александар Вучиќ

До крајот на март, претседателот Александар Вучиќ и владејачката коалиција го одобрија пакетот за олеснување од 5,7 милијарди долари што претставува околу 11 отсто од БДП.

Тој вклучува даночни одложувања на платите на вработените, директна поддршка на деловните субјекти и претприемачите и плаќање на плати на вработените до три месеци.

Епидемиолошката ситуација во Белград се влошува

Исто така, имаше заеми со ниски камати со едногодишен грејс-период за претприемачи и за мали и средни бизниси.

Српското Министерство за финансии објави дека 4,3 милиони луѓе се пријавиле за директна исплата од 112 долари на полнолетни граѓани, во комбинација со скоро 2 милиони пензионери и корисници на социјална помош кои биле автоматски регистрирани.

Владата на Србија, исто така, објави инвестиција од 200 милиони евра во инфраструктурни проекти во шема за да ја намали невработеноста и да ги зајакне изгледите за економски раст.

Романија

Соседот на Србија на северо-исток, Романија, вети дека ќе потроши многу на инфраструктурни проекти - особено патишта и автопати - да помогне во ублажување на економските последици од ковид-19.

Но, владата во Букурешт своите најголеми надежи ги полага во програмата од 3,5 милијарди долари, насочена кон малите и средни бизниси погодени од пандемијата.

Таа ги охрабрува компаниите-апликанти да бараат државни заеми без камати, од која било од 22-те банки кои се опфатени со проектот.

„Тоа не е едноставен процес“, вели Кристијан Паун, претседател на Управниот одбор на Националниот фонд за гарантирање на кредити за мали и средни претпријатија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Препорачано

XS
SM
MD
LG