Достапни линкови

Ковид-19 и санкциите од САД ја турнаа иранската валута


Човек брои риали, Иран
Човек брои риали, Иран

Иранската валута падна на најниското ниво досега во однос на доларот, додека земјата се справува со санкциите од САД, коронавирусот и ниските цени на нафтата. На црниот пазар еден долар се разменува за дури 193.400 риали.

Иранската валута загуби повеќе од 600 проценти во однос на доларот, откако Иран и светските сили во 2015 година потпишаа нуклеарен договор.

Пред Иран да го регистрира својот прв случај на коронавирус кон средината на февруари, доларот изнесуваше околу 140.000 риали. Претседателот на САД, Доналд Трамп се повлече од нуклеарниот договор во 2018 година и ги укина олеснувањата на санкциите потег што ја турнаекономијата и ја поттикнаа инфлацијата во земјата.

Агенцијата за атомска енергија го критикува Иран

Иран се најде под натамошен дипломатски притисок на 19 јуни кога Управниот одбор на Меѓународната агенција за атомска енергија го повика Техеран да престане да го негира пристапот до две сомнителни поранешни нуклеарни места.

илустрација
илустрација

Пандемијата на коронавирусот и падот на цената на нафтата придонесоа за мрачната економска слика. Иран е најтешко погодената нација на Блискиот исток од пандемијата со 9.500 смртни случаи и повеќе од 200.000 позитивни случаи досега.

Шефот на централната банка на Иран, Абдолнасер Хемати, рече дека земјата се обидува да дојде до пристап на милијарди долари средства замрзнати во странство за да обезбеди ликвидност на пазарот.

Пораст на смртни случаи од ковид-19 во Иран

Во објавата на Инстаграм тој се обиде да го минимизира психолошкото влијание од факторите кои влијаат врз пазарот.

„Околностите создадени од короната и привремениот притисок врз девизниот пазар не треба да даваат погрешен сигнал“, оцени Хемати, додавајќи:

„И покрај ограничените приходи од нафта, девизниот биланс на земјата е добар и централната банка ќе продолжи да ја обезбедува потребната валута ... и покрај континуираниот американски притисок“.

Ковид-19: добра превенција и лоша економија

Во мај, иранскиот парламент гласаше за намалување на четири нули од валутата и замената со томан, што ќе биде еднаков на 10.000 риали.

Законот мора да биде ратификуван од Советот на чуварите, моќно тело кое се смета за строг стражар на иранскиот Устав.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG