Достапни линкови

Епидемиолошката ситуација во Белград се влошува


Предраг Кон, епидемиолог и член на Српскиот Кризен штаб

Епидемиологот Предраг Кон, член на Кризниот штаб на Владата на Србија за борба против корона вирусот, предупреди дека епидемиолошката ситуацијата во Белград повторно се заканува да се влоши и дека наскоро би можело да има некакви забрани.

На својот фејсбук профил Кон напиша дека „поради враќањето на студентите во своите домови во јули, заканата од зголемување на бројот на заразени би можелада се прошири низ цела Србија“.

Во однос на критиките дека состојбата се влошила и бројот на новозаразени лица скокнал по фудбалското дерби Партизан - Црвена звезда, што се одржа на 10 јуни, Кон вели дека новите пациенти не дале информации дека присуствувале на дербито.

„По појавата на вирусот во студентските домови, но и на приватните забави, некои работни колективи доживеале пренесување на вирусот кога биле откриени бројни асимптоматски случаи меѓу контакти со пациентот. Има многу голем број на дневни прегледи на сомнителни случаи на Клиниката за инфективни болести во Белград “, наведува доктор Кон.

Тој потсетува дека обврската за почитување на физичката дистанца на јавните собири никогаш не престанала и дека клубовите што тоа не го сториле за време на натпреварите треба да бидат казнети.

XS
SM
MD
LG