Достапни линкови

Москва со наградни игри за привлекување гласачи на референдум


Русија - Гласачки материјали за референдумот на 1 јули 2020.

Администрацијата на Москва им нуди на жителите можност да добијат потврда за наградна игра, доколку гласаат на референдумот за промена на Уставот, што би му овозможило на рускиот претседател Владимир Путин да се кандидира за уште два мандата. Раководителот на одделот за трговија и услуги на градот Москва, Алексеј Немериук, изјави дека гласачите ќе можат да учествуваат во извлекување на два милиони сертификати што ќе можат да ги користат во продавниците, за паркирање и други услуги. Тој додаде дека таквата акција е начин да се поттикне потрошувачката на граѓаните, затоа што московските компании се погодени од затворањето поради епидемијата на коронавирусот.

Русија ги олесни рестрикциите за коронавирусот

Сепак, се чини дека томболата ќе го охрабри одѕивот на гласачите што ќе го подобри имиџот на референдумот закажан за 1 јули. Неодамнешното истражување на независната организација Левада покажува дека околу 45 проценти од граѓаните ќе ги поддржат амандманите за промена на Уставот, додека повеќе од 20 проценти од испитаниците се неопределени.

XS
SM
MD
LG