Достапни линкови

Добрососедство, братство и европско - ваши коментари


Одбележување на празникот 11 октомври

Кавги на социјалните мрежи и за празникот меѓу „патриоти“ и „предавници“. Атаци врз лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, остри критики и за градоначаликот на Скопје Петре Шилогов за загадувањето во градот.

Изјавата на премиерот Зоран Заев од Куманово, по повод Денот на народното востание, 11 Октомври, дека она што е предложено од бугарската страна ниту е добрососедство, ниту братство, ниту најмалку европско предизвикала вистински дебати, би рекле дури и кавги меѓу посетителите на нашата ФБ страница.

Многумина во коментарите го напаѓаат премиерот дека наводно ја продава Македонија, ги мешаат Преспанскиот договор со Договорот за пријателство со Бугарија, ја колнат актуелната власт, употребуваат непримерен јазик. Вера Ристеска напишала: „Што убаво ве понижија Бугарите, така е, црпнати едни, храбри политичари за продавање на сѐ македонско“, но Васе Белезелкоска ѝ одговара: „Да се ситиш на поразите на сопствената држава е ВРВЕН ПАТРИОТИЗАМ. БРАВОС“.

Лидија Пренџова порачува дека од „вмроните“, како што пишува, што се прогласуваат за убер-патриоти „а поддржуваа белодворци кои ги однесоа народните пари по светските пералници, што друго освен злоба и пакост може да се очекува?“ Па Вера Ристеска ѝ одговара на Лидија Пренџова: „Немој моите ставови да ги ставаш во политичка партија, секогаш вие северџаните ги припишувате вмровски, јас и мојот став е реално гледиште....“, на што Пренџова ѝ одговара: „Само тој што ја мрази Македонија ја обезименува и ја нарекува Северџанија...“ и така во бескрај.

Илми Исмаили го честита празникот: „Честитики за 11 Октомври, празникот, Македонија!“

Вицепремиерот Никола Димитров од Прилеп, пак, порача: „Ако ЕУ дозволи на некој начин македонскиот јазик да биде пречка, тогаш нема да ја заслужи придавката во своето име ʼевропскаʻ и не знам дали ќе можеме да веруваме во таква Европска Унија“.

И овде се истуриле навреди кон власта, па Марио Јаневски постирал: „Сега ви текна откако продадовте сѐ“, а Слободанка Камчева кратко: „Добро утро“.

Зоки Настески навредливо спрема Бугарија, но и самокритичен: „Толку од братската ни Татарија, всушност самите некои од нас сме виновни не признавајќи го големиот Блаже Конески, а тие некои нека се пронајдат во текстов и нека се обесат уште ноќеска“.

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во честитката по повод 11 Октомври ја обвинува власта за наводна „продажба на македонските национални и државни вредности додека врз народот врши невидена тортура и реваншизам“. Коментарот на потпишан со Рустемов Гугуле гласи: „Само кај криминалот ви е паметот, друго ништо, затоа само ќе ги мерите улиците колку километри има во Северна МК... Дај си оставка... 11 години крадевте пари од граѓаните“.

ИгорВики Магероски е против лидерите и на опозициската и на владејачката партија: „Гроцко, ти и зајко за подрака сте... само дури има безмозочници што ве гласаат и двајцата... ќе си играте дрндупка со нив“.

Има многу негативни коментари и по неделното интервју со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и неговите зборови дека „загадувањето не може да се реши на копче“, па Бобан Јакимовски го прашува: „Каде е алпскиот воздух што го ветувавте?“ Бобан Јакимовски му одговара: „У тегли ќе го продаваат како во Кина, сѐ е бизнис“. Зоки Крстевски му одговара на Шилегов: „Може бе брат, коа ќе престане да гори Усје, Дрисла и ред други од тоа италијанските л...а и коа ќе го исчистите Охис од тоа отровите расфрлани по земја, по магацините, ама тоа ако го напраиш ќе нема кешарица“.

И Гент Салихи со одговор до градоначалникот: „Па нормално, кога 95% од ветеното не си го исполнил. Градот е ужас, токму заради вас!“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG