Дел од посетителите и натаму не веруваат дека големиот број смртни случаи е токму од компликациите што ги предизвикува вирусот во организмот на луѓето. Како и да е, ковид кризата во фоксуот на вниманието на посетителите на РСЕ
СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се преброија. Едните го ре-избраа Заев а другите против пописот, наведува еден читател на нашата ФБ страница кој на двете партии им порачува да се фатат за работа оти им недостигаат гласови за на избори
По информацијата дека Грција останува затворена за државјани на трети земји и за 8 Март, читателите на РСЕ на социјалните мрежи даваат предлози за друга дестинација -„Ене ја Албанија“, „И онака за Доминикана уплативме“, а трет коментар гласи:„Штета, ќе мора да глумиме патриотизам и понатаму“.
Првата пратка вакцини против Ковид 19 која пристигна од Србија во фокусот на вашите коментари на Фејбук страницата на Слободна Европа.
Партиските препукувања за барањето за предвремени избори исповоцирало коментар на социјалните мрежи на кој вели -„Кога ќе си фатиш работа со двајца... што си играат држава, тоа е“. Фановите го коментирале интервјуто со Насер Зибери, а за вакцинацијата еден коментар гласи - „Ќе почнат на 36 јануари“.
„Не знам зошто брзате за вакцината кога никој не сака да ја прими“ - гласи еден од коментарите за владината втора молба за вакцини од Фејзер.
„Ма каков попис, зарем не гледате дека сите заминуваат, а вие после попишете се меѓусебно“ - пипува еден посетител на Фејсбук страницата на РСЕ.
Интервјуто со министерот за надворешни работи Бујар Османи и суспензијата на твитер профилот на претседателот на САД Доналд Трамп во фокусот на вашите коментари на социјалните мрежи на РСЕ
Ах, бре, сезнајковци, не водете неповикани сметка за штета и платено осигурување на роба во пожар, плукнете си во пазуви и молете се и вас да не ве снајде полоша беља...“ , се наведува во еден од коментарите на Фејsбук страницата на Слободна Европа.
„А што ако го имаат прележано сите гости?“, „Или се со ПЦР тест не постар од 48 часа...“ - ова се дел од вашите коментари на наши социјални мрежи по повод информациите за полициските акции против оние кои не ги почитуваат анти корона мерките
Во изминатава недела првото место на нашата ФБ страница го заземаат вашите реакции на изјавите на бугарските политичари пренесени на РСЕ во врска со проблемот што со последните случувања околу проширувањето на ЕУ.
Светската здравствена организација проценува дека за да се создаде колективен имунитет потребно е да се вакцинира 70% од населението. Но ако продолжат да се шират теориите на заговор за вакцините, малку луѓе ќе се вакцинираат, а инфекциите со коронавирус ќе продолжат.
Вчитај повеќе