Под превезот на политичката реторика, вистинската состојба за квалитетот воздухот во Македонија останува обвиткана во неизвесност.
Министерството за здравство без став дали може да се прават такви операции, фелата е согласна дека тоа е неприфатливо
Низа отворени прашање стојат околу најавената инвестиција за избрадба на фабрика за електрични автмобили во ТИРЗ Тетово. Владата засега не ја објавува целосната содржина на договорот.
Добивката од тендерите за нафта ја делат една третина од компаниите кои се занимаваа со тој бизнис. Освен големите играчи како Макпетрол, Окта и Лукоил во трка за државни пари од нафта во игра се и фирми од општините Виница, Пласница, Желино
Реката Вардар е претворена во депонија во која се слева целата скопска канализација. Од ЦЈЗ-Скопје предупредуваат на потенцијалната опасност од користење на загадените води за наводнување. Вардар во скопско не смее да се користи ниту за капење, ниту за полевање.
Со низа аргументи група на жители на Водно го оспоруваат одобрението за градба на фирмата Маркеза. Ќе ја добијат ли битката или ќе се отвори патот за градежна експанзија на сметка на зеленилото.
Македонските пациенти од вратрешноста на земјата со години минуваат стотици километри за да стигнат до специјалистички прегледи во скопските клиники. Докторите велат немаат доволно кадар, а богами ни пари за да можат таквите здравстевни услуги да им ги даваат во општите болници.
Македонските болници, клиники и здравствени домови заедно заклучно со декември 2021 година должат над 97 милиони евра.
Македонските граѓани не се имуни на економската треска со интернет трговија со криптовалути. Приведување на двајца вработени во Железници кои од службен компјутер си „копале “ криптовалути како и потрагата по „диви копачи“ на коини во ГТЦ го привлече окото на јавноста кон криптомаркетот.
Вчитај повеќе