На претседателските избори во Турција води досегашниот претседател Реџеп Таип Ердоган, но на 28 мај ќе има втор круг. По гласањето е забележан пад на турската лира. Шефовите на ЕУ им честитаа на турските гласачи за големата излезност. Од Москва порака дека ќе ја почитуваат волјата на турскиот народ.
Ниту Ердоган, ниту Киличдароглу не го поминаа прагот од 50 отсто потребен за да се избегне вториот круг, кој најверојатно ќе се одржи на 28 мај, на избори кои се сметаат за клучни за Ердоган
Ердоган води со 59,47 отсто од гласовите во споредба со опозицискиот ривал Кемал Киличдароглу, кој доби 34,79 отсто од гласовите. Станицата Хабер Турк ги објави овие резултати врз основа на 9,1 отсто од преброените гласови, пренесува Ројтерс
Украинскиот претседател во Берлин дојде на клучни разговори, само еден ден откако Германија ја најави најголемата помош за Украина до сега
Украинските власти велат дека напредуваат во Бахмут, а руските негираат и покрај тоа што шефот на Вагнер, кој е поврзан со Кремљ, тврдеше дека контраофанзивата на Киев е во тек. Зеленски, пак, вели дека за тоа им треба уште малку време и опрема.
Руската платеничка група Вагнер, киднапирала казахстански студент во Русија и го пратила да војува во Украина, обвинува семејството на студентот. Не е првпат Вагнер да е обвинет дека испраќа луѓе во борба без нивна согласност.
Свечената церемонија за крунисување на Чарлс Трети е славење на традиција стара над илјада години во британската монархија. Пред 100-тина светски лидери, надбискупот од Кентербери, ја постави 360-годишната круна на Свети Едвард на главата на Чарлс во Вестминстерската опатија.
Директорот на српската клиничка болница соопшти дека дел од ранетите се опоравуваат, но едно девојче е се уште во критична состојба. За последниот напад во Младеновац, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е терористички чин.
Вооружени напади во училишта се честа појава во САД, но Балканот не памети вакви трагедии. И во Европа низ годините се случија грозоморни убиства на деца во училишта и градинки
Еден ден по пукањето во белградското училиште, луѓето носат цвеќе за настраданите во центарот на Белград, пред школото кое ден претходно беше место на нападoт. Тринаесетгодишен ученик на 3 мај пукаше и уби осум деца и еден чувар, а рани шест ученици и еден наставник.
Во четири општини во северно Косово, со мнозинство на српско население денеска се одржaa вонредни локални избори. Oдѕивот на гласањето беше слаб, а косовските Срби го бојкотираа гласањето. Од 45 000 гласачи на изборите гласале 1570.
Во четири општини во северно Косово, со мнозинство на српско население денеска се одржaa вонредни локални избори. Oдѕивот на гласањето беше слаб. Додека косовските власти ги повикаа граѓаните да гласаат, оние во Србија апелираа на бојкот.
Руските сили извршиле бомбардирања врз Одеса во текот на изминатата ноќ, а продолжува и долготрајната битка за градот Бахмут. Генералниот секретар на НАТО повика на дополнителна воена помош за Украина.
Една деценија по останатите земји од западниот Балкан, Европскиот парламент денеска донесе одлука за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово. Граѓаните на Косово ќе може слободно да патуваат во земјите од Шенген зоната од почетокот на наредната година.
Во Судан се издигнува чад на небото, додека судирите меѓу армијата и паравоените сили беснеат веќе трет ден. Речиси 100 луѓе загинаа, вклучително и хуманитарни работници на ОН. Додека судирот ескалира, меѓународните тела упатија повици за прекин на огнот поради стравувања од поширок конфликт.
Украинските сили наоѓаат кинески компоненти во руското оружје во услови на западни санкции, изјави високиот советник на претседателот Зеленски. Кина негира дека испратила воена опрема во Русија, наведувајќи ја нормалната трговска соработка.
Тенискиот комплекс e изграден за само шест месеци во Босна и Херцеговина за турнир организиран од семејството на светскиот првак Новак Ѓоковиќ. Инвестирани се 16 милиони долари, а градежната дозвола била издадена кога завршила изградбата.
Србија се согласила да испорача оружје на Киев, стои во еден од доверливите документи на Пентагон, објави агенцијата Ројтерс. Од Амбасадата на САД во Белград велат дека немаат сознанија дека Србија продавала оружје на Украина. Украинската амбасада нема информации за испорака на оружје од Србија
Длабока пенетрација на американските разузнавачки служби во руските безбедносни системи открија доверливите документи кои протекоа на социјалните мрежи. Сепак тие, исто така, укажуваат дека САД ги шпионирале пријателските и сојузничките земји, каде предизвикаа чудење и лутина.
Москва останува на ставот дека во украинскиот новогодишен напад во градот Макиивка во Донбас загинале 89 луѓе. Украина тврди дека биле убиени до 400 руски војници. РСЕ истражуваше и по име ги идентификуваше 140-те војници загинати во инцидентот.
Вчитај повеќе