Достапни линкови

Лидерска Ковачевски-Мицкоски, предлози има, договор нема


Средба на премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, 03.07.2022

Без конкретен договор околу предлозите кои биле ставени на маса заврши лидерската средба помеѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Ковачевски му понудил на Мицкоски влез во Владата, во замена за поддршка за уставните измени. Мицкоски прифаќа влада без ДУИ, но има и свои условувања.

Без конкретен договор заврши лидерската средба помеѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Разговорите траеја час и половина, а на средбата биле понудени предлози од двете страни.

Внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав била главната тема за која разговарале двајцата лидери. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека сите 44 пратеници на опозициската партија нема да ги поддржат уставните измени. Мицкоски кажа дека Ковачевски му понудил три предлози, но пред јавноста образложи еден од нив.

Понудата на Ковачевски е во Парламентот да отпочне дискусија и да се изгласа со две третини потребата за промена на Уставот, а потоа да се формира влада во која 5 ресори ќе бидат на ВМРО-ДПМНЕ, да поминат уставните измени, да почне процесот на преговори, да се затворат некои поглавја, а таа влада потоа да оди на избори. Јас, пак предложив заедничка влада, без ДУИ, го почнуваме процесот, а уставните измени да бидат изгласани, а да важат дури тогаш кога ќе почне ратификацијата на нашето членство во ЕУ, во парламентите на земјите членки. Очигледно е дека немаат 80 пратеници за да поминат измените, тогаш логично е да одиме на избори, оти нема ниту една причина зошто оваа Влада да остане на власт“, изјави Мицкоски по средбата.

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека на денешната средба слушнал дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е променет, односно дека оваа партија не е против уставни измени. Тој го потврди предлогот за кој зборуваше Мицкоски.

„Дополнително предложив уставните измени кога ќе се донесат во своите завршни одредби да имаат одредба за важење во моментот на одржување на Втората меѓувладина конференција со ЕУ. Се друго надвор од тоа би било надвор од преговарачката рамка која е донесена со консензус на 27-те земји членки на ЕУ,“ изјави Ковачевски.

Тој додаде дека не се согласил со предлогот на Мицкоски во евентуалната заедничка Влада да не биде вклучена ДУИ, затоа што смета дека сега е потребна влада за широко обединување околу стратешката цел, односно еуинтеграциите.

Каков исход ќе има лидерската меѓу Ковачевски и Мицкоски, што мислат новинарите?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:46 0:00

Пред почетокот на средбата седница одржа и Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој ја потврди позицијата на партијата против уставни измени под диктат.

Потпретседателот на партијата, Тимчо Муцунски, рече дека е погрешна тезата дека на оваа лидерска средба се одлучува за интеграција или изолација на земјава. Она што се одлучува, според ВМРО-ДПМНЕ е дали ќе има уставни под диктат или ќе има одбрана на националното достоинство и државните интереси.

Ова ќе биде втора лидерска средба на која ќе се зборува за внесувањето на Бугарите во Уставот. Лидерите на парламентарните групи на оваа тема дискутираа и на средбата на 7 ноември 2022. Но тогаш немаше консензус за уставни измени.

Искуството покажува дека лидерските средби ретко резултираат со договор, ако меѓународната заедница не вмеша прсти. Лидерите на политичките партии во изминатите години на лидерски средби се обидуваа да се договорат за датуми за избори, за излез од политички кризи, за деблокада на Собранието, за одржување на Попис, па за негово одложување, за името пред да се потпише Договорот од Преспа со кој државата стана Северна Македонија. На лидерски средби се договараше и формирањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) по аферата со нелегалното прислушување објавена во 2015.

И за името и за СЈО лидерите на партиите многупати се среќаваа, во секаков формат - само премиер и лидер на опозиција, па лидери на главните политички партии или претседатели на сите парламентарни групи, а на некои од нив беа присутни и претседателите на Собранието и на државата.

Многу често на овие средби присуствуваа и амбасадорите на САД и ЕУ, а некогаш и високи политичари од Брисел и Вашингтон.

Хронолошки преглед на лидерските средби
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:35 0:00

Лидерски за името

ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа Договорот од Преспа, ниту референдумот по него, па лидерските на темата за името завршуваат без успех. На крај власта успеа да ги донесе уставните измени со кои земјата беше преименувана во Северна Македонија добивајќи поддршка од осум пратеници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ, сега пак не ги подржуваа измени на Уставот со кои Бугарите треба да се внесат во Преамбулата, оти, како што вели лидерот на партијата Мицкоски, не е за уставни измени по бугарски диктат.

СЈО на лидерска средба се роди, на лидерска ќе му се пресуди

По аферата со прислушувањето во 2015 земјата западна во политичка криза, а за излез на неа беа одржани многу лидерски средби под будното око на меѓународната заедница. На 15 јули 2015 беше финализиран Договорот од Пржино за излез од политичката криза. Лидерите тогаш се договорија 100 дека пред избори да се формира техничка влада во која ќе влезат министри од редовите на опозицијата и да се формира на Специјално јавно обвинителство. Колку средби им требаа да го договорат СЈО, уште толку им требаше и да го распуштат. Тоа формално згасна на 30 јуни 2020.

Собранието се поретко е место за дебати и наоѓање решенија, па во лидерските се гледа можност да се стигне до некаков договор. Дека институциите се нефункционални критикува и Европската унија во своите извештаи, вели Петковски. Лидерите договараат закони на лидерски, а после пратениците само потврдуваат, вели тој

„Некој диригира, а пратениците се обични кукли, иако според Уставот има право да гласа според сопстевно убедување, но тие се диригирани од врвот на партијата, инаку нема да ги стават на листа за следни избори“, додава Петковси.

И за овие уставни измени се погласни се укажувањата на претставници на Меѓународната заедница, кои во изминатиот период упатуваат пораки дека промената на Преамбулата е гаранција за продолжување на преговоритете по кластери на Северна Македонија со ЕУ.

XS
SM
MD
LG