Достапни линкови

Повеќе од 280 загинати и стотици повредени во железничка несреќа во Индија


Местото на несреќата во источната држава Одиша, 2 јуни 2023 година.
Местото на несреќата во источната држава Одиша, 2 јуни 2023 година.

Причината за големата железничка катастрофа во источна Индија, во која учествуваа три воза, во која загинаа стотици луѓе, е излетувањето од шините на неколку вагони на патнички експресен воз, соопшти извршниот директор на државната компанија „Индиски железници“, Амитаб Шарма. Властите очекуваат бројот на жртви да биде се зголемува.

Најмалку 288 луѓе загинале, а околу 1000 се повредени во повеќекратни судири на возови во источната индиска држава Одиша, јавува Би-Би-Си.

„Повеќе од 200 амбулантни возила се испратени на местото во областа Баласоре“, рече главниот секретар на Одиша, Прадип Јена.

Доцна во петокот патнички воз излетал од шините пред да биде погоден од друг на соседната пруга.

Ова е најтешката железничка несреќа во Индија во овој век. Официјални лица велат дека бројот на загинати се очекува да се зголеми.

Судханшу Саранги, генерален директор на Противпожарната служба Одиша, рече дека бројот на загинати изнесува 288. Главниот секретар на Одиша, Прадип Јена, претходно изјави дека се мобилизирани повеќе од 100 дополнителни лекари.

Индискиот премиер Нарендра Моди на Твитер напиша дека е вознемирен од инцидентот и дека неговите мисли се со ужалените семејства.

„На местото на несреќата во тек се спасувачки операции, а на погодените им се дава секаква можна помош“, напиша тој на Твитер.


Во меѓувреме, министерот за внатрешни работи Амит Шах го нарече инцидентот „длабоко вознемирувачки“.

Еден преживеан маж опиша дека 10 до 15 луѓе паднале врз него кога се случила несреќата.

„Ги повредив раката и задниот дел од главата. Кога излегов од возот, видов дека некој изгубил рака, некој останал без нога, додека нечие лице е изобличено“, изјавил преживеаниот за индиската новинска агенција АНИ.

Во земјава е прогласен Ден на жалост.

Најмалку 61 загинат во железничка несреќа во Индија

Се верува дека неколку вагони од Коромандел Експрес излетале од шините, а некои од нив завршиле на спротивната пруга, јавува Би-Би-Си.

Се верува дека друг воз кој патувал од Џесванпура до Хура удрил во превртените вагони. Индиските власти соопштија дека товарен воз, кој стоел на местото на настанот , исто така бил вклучен во инцидентот. Детали не се соопштени.

Како што јавуваат медиумите, преживеаните патници брзаат да помогнат во спасувањето на затрупаните во урнатините.

Локалните автобуски компании помагаат и во транспортот на повредените патници.

„Индија ја има една од најголемите железнички мрежи во светот и несреќите се вообичаени, и покрај тоа што последователните влади инвестираат стотици милиони долари за подобрување на инфраструктурата, вели регионалниот уредник на БиБиСи во Јужна Азија, Анбарасан Етирајан.

Најлошата железничка катастрофа во Индија се случи во 1981 година, кога пренатрупаниот патнички воз излета од шините во река за време на циклон во државата Бихар, при што загинаа најмалку 800 луѓе.

XS
SM
MD
LG