Руската инвазија на Украина ги убеди Шведска и Финска да се откажат од долгогодишната политика на воено неврзување. Финска и официјално стана 31 членка на НАТО, но Шведска ќе почека на зелено светло од Турција и Унгарија.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се соочува со обвинение за тајни исплати на порно ѕвезда, но се соочува со правни битки и за изборна измама, нападот врз Капитолот, задржување на класифицирани документи, а против него има и прекршочни и граѓански парници.
Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красничи и Реџеп Селими се изјаснија за невини пред судот во Хаг. Тие се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучително и прогон, убиства, тортура.
Првите прелиминарни резултати на Државната изброна комисија на Бугарија со избројани 93 отсто гласови покажаа дека ГЕРБ води со помалку од 2 отсто гласови пред реформистичката прозападна коалиција Продолжи со промените/Демократска Бугарија. Но Борисов не може сам да формира влада.
Осомничен за дискредитација на руските воени сили, затоа што стоел со транспарент „Гушни ме ако си против војната“.Ризик од затворска казна поради објава на Фејсбук. Ова се дел од примерите на 149 Руси кои јавно проговориле против режимот на рускиот претседател Владимир Путин. Автор: Роберт Коалсон
Средбата во Охрид на двајцата лидери, Вучиќ и Курти е историска шанса не само за двете земји, туку и за целиот регион, рече Габриел Ескобар, специјалниот американски пратеник за Западен Балкан во интервју за Радио Слободна Европа. Со Ескобар разговараше Дорунтина Балиу.
Во повеќе региони од Русија се испраќаат покани за регрутирање, со барање за ажурирање на податоците. Дел од експертите во ова гледаат вовед кон нова мобилизација, иако Кремљ го негира тоа.
Предлогот на ЕУ е првенствено договор за нормализација, а не за признавање на независноста на Косово, рече Габриел Ескобар во Белград. Тој очекува в сабота во Охрид, „признание“ дека Заедницата на српски општини претставува „важен дел од односите меѓу Србија и Косово“.
Сузана Мариќ од Нови Сад, студира балкански студии во Приштина, град оддалечен преку 450 километри од нејзиното родно место. Таа вели дека токму учењето на јазикот ќе им помогне на младите од српската и албанската заедница да ги надминат пречките што стојат меѓу нив. Пишува Сандра Цветковиќ.
САД и Русија со спротивставени ставови за вчерашниот инцидент со пресретнувањето на дрон над Црното море. САД смета дека Русија го крши меѓународното, додека Русија обвинува за провокација со летање дрон во близина на полуостровот Крим, кој Москва илегално го анектираше од Украина во 2014 година.
Најмалку тројца руски дипломати кои беа протерани од ЕУ по руската инвазија врз Украина сега се акредитирани руски дипломати во Србија. Двајца од нив се поврзани со руските разузнавачки служби. Неколку земји како причина за протерувањето ја наведоа наводната шпионажа.
На платениците, дел од групата Вагнер, која се бори на страната на Русија во Украина, им било речено дека нивните семејства ќе добијат исплата од 71 илјада долари, доколку бидат убиени. Но многу семејства не се информирани за смртните случаи на нивните роднини и не ги добиле ветените пари.
Косово и Србија досега успеваа да го „избегнат“ спроведувањето на договорите, оти немаше синхронизирано дејствување на САД и ЕУ, оценуваат експерти. Сега САД се „мотор на целиот процес“. Двете страни знаат дека ќе трпат последиците доколку не го прифатат предлогот.
Грузискиот парламент донесе одлука за повлекување на контроверзниот закон за „странски агенти“ по неколкудневните протести во Тбилиси. Демонстрациите беа обележани со насилни судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили.
Русија започна масовен бран воздушни напади врз Украина, објавија украинските власти на 9 март. Нападите предизвикаа жртви и прекини на струјата низ целата земја. Запрено беше и снабдувањето со електрична енергија на нуклеарната централа во Запорожје, но потоа снабдувањето беше обновено.
Забрана за работа на јавни места или работата надвор од нивниот дом. Жените во Авганистан со соочени со ограничувања на нивните права откако талибанците се вратија на власт во 2021 година.
Пријавени се стотици случаи на сексуално насилство од страна на руските војници во окупираните делови на Украина. Надлежните сметаат дека вистинската бројка е многу поголема, зашто жртвите ретко пријавуваат. Организации им помагаат на жртвите да соочат со психолошките проблеми.
Неофицијални податоци велат дека по руската инвазија врз Уркаина, Русија ја напуштиле над 500 илјади луѓе, а има податок и дека таа бројка оди дури и до милион. Заминуваат од сите профили, а меѓу нив и многу просветни работници (Радио Слободна Европа, Татар-Башкир Сервис)
Кандидатот на Движењето „Европа сега“ Јаков Милатовиќ е новиот претседател на Црна Гора, по изборите на кои убедливо го победи актуелниот претседател на државата Мило Ѓукановиќ.
Европа и натаму се соочува со терористички закани и акти, покажува годишниот извештај на Стејт Департментот за 2021 година. Лидер во финансирање на тероризмот останува Иран.
Вчитај повеќе