Достапни линкови

Почина Берлускони, долгогодишен „скандалозен“ италијански лидер

Силвио Берлускони
Силвио Берлускони

Почина Силвио Берлускони, милијардер, медиумски магнат, кој беше италијански премиер со најдолг стаж и покрај скандалите околу неговите секс забави и обвинувањата за корупција, објавија италијанските медиуми во понеделникот. Тој имаше 86 години.

Италијанската новинска агенција LaPresse ја објави смртта на Берлускони откако тој беше хоспитализиран во петокот, по втор пат, во последните неколку месеци поради лекување на хронична леукемија.

Тој, исто така, со текот на годините страдаше од срцеви заболувања, рак на простата и беше хоспитализиран поради КОВИД-19 во 2020 година.

Берлускони ги искористи своите телевизиски мрежи и огромното богатство за да ја започне својата долга политичка кариера, инспирирајќи и лојалност и омраза.

За обожавателите, трикратниот премиер беше способен и харизматичен државник кој се обиде да ја издигне Италија на светската сцена. За критичарите, тој беше популист кој се закануваше дека ќе ја поткопа демократијата со користење на политичката моќ како алатка за збогатување.

Берлускони 1994-та
Берлускони 1994-та

Неговата политичка партија Форца Италија е коалициски партнер со актуелната премиерка Џорџа Мелони, екстремно десничарска лидерка кој дојде на власт минатата година, иако Берлускони немаше функција во владата.

Неговото пријателство со рускиот претседател Владимир Путин го стави во судир со Мелони, жесток поддржувач на Украина. На неговиот 86-ти роденден, додека војната беснееше, Путин му испрати на Берлускони најубави желби и вотка, а Италијанецот се пофали дека возвратил со тоа што му пратил италијанско вино.

Берлускони на Крим, 2015-та
Берлускони на Крим, 2015-та

Како што Берлускони старееше, некои го исмејуваа неговиот вечно млад тен, трансплантацијата на коса и неговите девојки, кои беа помлади со децении. Сепак, многу години Берлускони изгледаше недопирлив и покрај личните скандали.

Обвиненија беа покренати, без завршница, односно, застаруваа во бавниот судски систем на Италија, или тој беше победник во жалбата. Истрагите беа насочени кон забавите, таканаречени „бунга бунга“ во кои учествуваа млади жени и малолетни, или за неговите бизниси, кои го вклучуваа и фудбалскиот тим Милан, трите најголеми приватни ТВ мрежи во земјата, списанија и дневен весник, како и рекламни и филмски компании.

Само еден доведе до пресуда - случај за даночна измама што произлегува од продажба на филмски права во неговата деловна империја. Осудата беше потврдена во 2013 година од страна на највисокиот кривичен суд на Италија, но тој беше поштеден од затвор поради неговата возраст (76) и му беше наредено да работи општествено корисна работа, помагајќи им на пациентите со Алцхајмерова болест.

Берлускони на општествено корисна работа, 2014-та

Нему уште му беше одземено местото во Сенатот и му беше забрането да се кандидира или да извршува јавна функција во рок од шест години, според антикорупциските закони.

Тој остана на чело на Форца Италија, партијата на десниот центар, а повторно беше избран во Европскиот парламент на 82-годишна возраст, а потоа минатата година во италијанскиот Сенат.

Католичката црква, на моменти благонаклона кон неговата конзервативна политика, беше скандализирана од неговите лудории, а неговата сопруга со која беше речиси 20 години, се разведе од него, но Берлускони не се извини, изјавувајќи: „Јас не сум светец“.

Од премиерската фотелја до бунга-бунга забавите: Берлускони низ фотографии

Човек поминува покрај мурал на уличниот уметник „Хари Греб“ кој го прикажува лидерот на партијата на Форца Италија, Силвио Берлускони како филмскиот лик Терминатор, во уличка во центарот на Рим на 18 јануари 2022 година.
1/26 Човек поминува покрај мурал на уличниот уметник „Хари Греб“ кој го прикажува лидерот на партијата на Форца Италија, Силвио Берлускони како филмскиот лик Терминатор, во уличка во центарот на Рим на 18 јануари 2022 година.
Медиумски могул, премиер на три италијански влади помеѓу 1994 и 2011 година и лидер на партија Форца Италија која денес е помал партнер во сегашната владејачка коалиција во Италија... По подолго боледување од леукемија, Силвиот Берлускони почина денеска, на 86 години.
Берлускони како пратеник во Европскиот парламент „дреме“ на сесијата за гласање за избор на новиот претседател на Европскиот парламент за време на првата пленарна сесија на новоизбраното Европско собрание во Стразбур, Франција, 3 јули 2019 година
2/26 Берлускони како пратеник во Европскиот парламент „дреме“ на сесијата за гласање за избор на новиот претседател на Европскиот парламент за време на првата пленарна сесија на новоизбраното Европско собрание во Стразбур, Франција, 3 јули 2019 година
Медиумски могул, премиер на три италијански влади помеѓу 1994 и 2011 година и лидер на партија Форца Италија која денес е помал партнер во сегашната владејачка коалиција во Италија... По подолго боледување од леукемија, Силвиот Берлускони почина денеска, на 86 години.
Активистка на Фемен скокна на маса пред Силвио Берлускони, лидер на десничарската партија Форца Италија, за да протестира топлес со порака испишана на телото: „Берлускони, ти помина рокот“ на избирачко место во Милано, 4 март , 2018 година
3/26 Активистка на Фемен скокна на маса пред Силвио Берлускони, лидер на десничарската партија Форца Италија, за да протестира топлес со порака испишана на телото: „Берлускони, ти помина рокот“ на избирачко место во Милано, 4 март , 2018 година
Медиумски могул, премиер на три италијански влади помеѓу 1994 и 2011 година и лидер на партија Форца Италија која денес е помал партнер во сегашната владејачка коалиција во Италија... По подолго боледување од леукемија, Силвиот Берлускони почина денеска, на 86 години.
Лидерот на Форца Италија, Силвио Берлускони ја брише потта челото на од лидерот на Северната лига, Матео Салвини за време на состанокот во Рим, Италија, 1 март 2018 година
4/26 Лидерот на Форца Италија, Силвио Берлускони ја брише потта челото на од лидерот на Северната лига, Матео Салвини за време на состанокот во Рим, Италија, 1 март 2018 година
Медиумски могул, премиер на три италијански влади помеѓу 1994 и 2011 година и лидер на партија Форца Италија која денес е помал партнер во сегашната владејачка коалиција во Италија... По подолго боледување од леукемија, Силвиот Берлускони почина денеска, на 86 години.
Комбинирана фотографија ги прикажува премиерот Силвио Берлускони (L) и Мароканката Карима Ел Махруг. Бунга-бунга забавите кои се поврзуваа со берлускони сериозно ја стресоа неговата политичка кариера.
5/26 Комбинирана фотографија ги прикажува премиерот Силвио Берлускони (L) и Мароканката Карима Ел Махруг. Бунга-бунга забавите кои се поврзуваа со берлускони сериозно ја стресоа неговата политичка кариера.
Медиумски могул, премиер на три италијански влади помеѓу 1994 и 2011 година и лидер на партија Форца Италија која денес е помал партнер во сегашната владејачка коалиција во Италија... По подолго боледување од леукемија, Силвиот Берлускони почина денеска, на 86 години.
Берлускони ги затвора очите во гест кон насобраните за време на митинг во знак на протест против неговата пресуда за даночна измама, пред неговата палата во центарот на Рим, 4 август 2013 година
6/26 Берлускони ги затвора очите во гест кон насобраните за време на митинг во знак на протест против неговата пресуда за даночна измама, пред неговата палата во центарот на Рим, 4 август 2013 година
Медиумски могул, премиер на три италијански влади помеѓу 1994 и 2011 година и лидер на партија Форца Италија која денес е помал партнер во сегашната владејачка коалиција во Италија... По подолго боледување од леукемија, Силвиот Берлускони почина денеска, на 86 години.
Берлускони поздравува војнички во гостување на ТВ РАИ, 20 февруари 2013
7/26 Берлускони поздравува војнички во гостување на ТВ РАИ, 20 февруари 2013
Медиумски могул, премиер на три италијански влади помеѓу 1994 и 2011 година и лидер на партија Форца Италија која денес е помал партнер во сегашната владејачка коалиција во Италија... По подолго боледување од леукемија, Силвиот Берлускони почина денеска, на 86 години.
Берлускони покажува стар весник со Сталин на насловната страница, за време на неговата прес-конференција на крајот на годината во Рим, 23 декември 2005 година
8/26 Берлускони покажува стар весник со Сталин на насловната страница, за време на неговата прес-конференција на крајот на годината во Рим, 23 декември 2005 година
Медиумски могул, премиер на три италијански влади помеѓу 1994 и 2011 година и лидер на партија Форца Италија која денес е помал партнер во сегашната владејачка коалиција во Италија... По подолго боледување од леукемија, Силвиот Берлускони почина денеска, на 86 години.
Уметниците Антонио Гаруло (десно) и Марио Оточенто гледаат нпостановка на ивната изложба насловена „Сонот на Италијанецот“, која се состои од восочна фигурина што го претставува поранешниот премиер Силвио Берлускони како мртов, во палатата Ферајоли во Рим, 29 мај 2012 година.
9/26 Уметниците Антонио Гаруло (десно) и Марио Оточенто гледаат нпостановка на ивната изложба насловена „Сонот на Италијанецот“, која се состои од восочна фигурина што го претставува поранешниот премиер Силвио Берлускони како мртов, во палатата Ферајоли во Рим, 29 мај 2012 година.
Медиумски могул, премиер на три италијански влади помеѓу 1994 и 2011 година и лидер на партија Форца Италија која денес е помал партнер во сегашната владејачка коалиција во Италија... По подолго боледување од леукемија, Силвиот Берлускони почина денеска, на 86 години.
Берлускони со поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Рим, 5 октомври 2011
10/26 Берлускони со поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Рим, 5 октомври 2011
Медиумски могул, премиер на три италијански влади помеѓу 1994 и 2011 година и лидер на партија Форца Италија која денес е помал партнер во сегашната владејачка коалиција во Италија... По подолго боледување од леукемија, Силвиот Берлускони почина денеска, на 86 години.
Берлускони со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи по воената парада за прослава на 150-годишнината од обединувањето на Италија, Рим, 02 јуни 2011
11/26 Берлускони со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи по воената парада за прослава на 150-годишнината од обединувањето на Италија, Рим, 02 јуни 2011
Медиумски могул, премиер на три италијански влади помеѓу 1994 и 2011 година и лидер на партија Форца Италија која денес е помал партнер во сегашната владејачка коалиција во Италија... По подолго боледување од леукемија, Силвиот Берлускони почина денеска, на 86 години.
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон (Л) се ракува со италијанскиот премиер Силвио Берлускони за време на состанокот во палатата Чиги во Рим, 05 мај 2011 година
12/26 Американскиот државен секретар Хилари Клинтон (Л) се ракува со италијанскиот премиер Силвио Берлускони за време на состанокот во палатата Чиги во Рим, 05 мај 2011 година
Медиумски могул, премиер на три италијански влади помеѓу 1994 и 2011 година и лидер на партија Форца Италија која денес е помал партнер во сегашната владејачка коалиција во Италија... По подолго боледување од леукемија, Силвиот Берлускони почина денеска, на 86 години.
Берлускони (Л) го поздрави францускиот претседател Никола Саркози пред самитот во Вила Мадама во Рим, 26 април 2011 година
13/26 Берлускони (Л) го поздрави францускиот претседател Никола Саркози пред самитот во Вила Мадама во Рим, 26 април 2011 година
Медиумски могул, премиер на три италијански влади помеѓу 1994 и 2011 година и лидер на партија Форца Италија која денес е помал партнер во сегашната владејачка коалиција во Италија... По подолго боледување од леукемија, Силвиот Берлускони почина денеска, на 86 години.
Берлускони ги покажува забите за време на прес-конференција во палатата Чиги во Рим, 09 февруари 2011 година
14/26 Берлускони ги покажува забите за време на прес-конференција во палатата Чиги во Рим, 09 февруари 2011 година
Медиумски могул, премиер на три италијански влади помеѓу 1994 и 2011 година и лидер на партија Форца Италија која денес е помал партнер во сегашната владејачка коалиција во Италија... По подолго боледување од леукемија, Силвиот Берлускони почина денеска, на 86 години.
Берлускони разговара со францускиот претседател Никола Саркози и германската канцеларка Ангела Меркел за време на прес-конференцијата, Елисејската палата, 04 октомври 2008 година
15/26 Берлускони разговара со францускиот претседател Никола Саркози и германската канцеларка Ангела Меркел за време на прес-конференцијата, Елисејската палата, 04 октомври 2008 година
Медиумски могул, премиер на три италијански влади помеѓу 1994 и 2011 година и лидер на партија Форца Италија која денес е помал партнер во сегашната владејачка коалиција во Италија... По подолго боледување од леукемија, Силвиот Берлускони почина денеска, на 86 години.
Рускиот ретседател Владимир Путин со италијанскиот премиер Силвио Берлускони на прес-конференција во Липецк, 21 април 2004 година
16/26 Рускиот ретседател Владимир Путин со италијанскиот премиер Силвио Берлускони на прес-конференција во Липецк, 21 април 2004 година
Медиумски могул, премиер на три италијански влади помеѓу 1994 и 2011 година и лидер на партија Форца Италија која денес е помал партнер во сегашната владејачка коалиција во Италија... По подолго боледување од леукемија, Силвиот Берлускони почина денеска, на 86 години.
Принтскрин фотографијата го прикажува премиерот Силвио Берлускони откако беше нападнат во Милано, 13 декември 2009 година
17/26 Принтскрин фотографијата го прикажува премиерот Силвио Берлускони откако беше нападнат во Милано, 13 декември 2009 година
Медиумски могул, премиер на три италијански влади помеѓу 1994 и 2011 година и лидер на партија Форца Италија која денес е помал партнер во сегашната владејачка коалиција во Италија... По подолго боледување од леукемија, Силвиот Берлускони почина денеска, на 86 години.
Претседателот Александар Лукашенко го пречека италијанскиот премиер Силвио Берлускони во Минск, 30 ноември 2009 година
18/26 Претседателот Александар Лукашенко го пречека италијанскиот премиер Силвио Берлускони во Минск, 30 ноември 2009 година
Медиумски могул, премиер на три италијански влади помеѓу 1994 и 2011 година и лидер на партија Форца Италија која денес е помал партнер во сегашната владејачка коалиција во Италија... По подолго боледување од леукемија, Силвиот Берлускони почина денеска, на 86 години.
Берлускони и неговата сопруга Вероника Ларио, 04 јуни 2007 година
19/26 Берлускони и неговата сопруга Вероника Ларио, 04 јуни 2007 година
Медиумски могул, премиер на три италијански влади помеѓу 1994 и 2011 година и лидер на партија Форца Италија која денес е помал партнер во сегашната владејачка коалиција во Италија... По подолго боледување од леукемија, Силвиот Берлускони почина денеска, на 86 години.
Поранешниот српски претседател Борис Тадиќ и италијанскиот премиер Силвио Берлускони учествуваат на заедничка прес-конференција во палатата Чиги во Рим, 13 ноември 2009 година
20/26 Поранешниот српски претседател Борис Тадиќ и италијанскиот премиер Силвио Берлускони учествуваат на заедничка прес-конференција во палатата Чиги во Рим, 13 ноември 2009 година
Медиумски могул, премиер на три италијански влади помеѓу 1994 и 2011 година и лидер на партија Форца Италија која денес е помал партнер во сегашната владејачка коалиција во Италија... По подолго боледување од леукемија, Силвиот Берлускони почина денеска, на 86 години.
Берлускони со поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш на заедничка прес-конференција во Рим, 12 јуни 2008 година
21/26 Берлускони со поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш на заедничка прес-конференција во Рим, 12 јуни 2008 година
Медиумски могул, премиер на три италијански влади помеѓу 1994 и 2011 година и лидер на партија Форца Италија која денес е помал партнер во сегашната владејачка коалиција во Италија... По подолго боледување од леукемија, Силвиот Берлускони почина денеска, на 86 години.
Берлускони со поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи во Рим, 10 јуни 2009 година
22/26 Берлускони со поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи во Рим, 10 јуни 2009 година
Медиумски могул, премиер на три италијански влади помеѓу 1994 и 2011 година и лидер на партија Форца Италија која денес е помал партнер во сегашната владејачка коалиција во Италија... По подолго боледување од леукемија, Силвиот Берлускони почина денеска, на 86 години.
Берлускони меѓу учесниците на самитот Г-20 се фотографира во Лондон, 02 април 2009 година
23/26 Берлускони меѓу учесниците на самитот Г-20 се фотографира во Лондон, 02 април 2009 година
Медиумски могул, премиер на три италијански влади помеѓу 1994 и 2011 година и лидер на партија Форца Италија која денес е помал партнер во сегашната владејачка коалиција во Италија... По подолго боледување од леукемија, Силвиот Берлускони почина денеска, на 86 години.
Американскиот претседател Барак Обама го поздрави италијанскиот премиер Силвио Берлускони на почетокот на самитот на Групата осум (Г8) во Аквила, 08 јули 2009 година
24/26 Американскиот претседател Барак Обама го поздрави италијанскиот премиер Силвио Берлускони на почетокот на самитот на Групата осум (Г8) во Аквила, 08 јули 2009 година
Медиумски могул, премиер на три италијански влади помеѓу 1994 и 2011 година и лидер на партија Форца Италија која денес е помал партнер во сегашната владејачка коалиција во Италија... По подолго боледување од леукемија, Силвиот Берлускони почина денеска, на 86 години.
Групна фотографија на лидерите на Г5 и Г8 на самитот на Г8 во Акила, 09 јули 2009 година
25/26 Групна фотографија на лидерите на Г5 и Г8 на самитот на Г8 во Акила, 09 јули 2009 година
Медиумски могул, премиер на три италијански влади помеѓу 1994 и 2011 година и лидер на партија Форца Италија која денес е помал партнер во сегашната владејачка коалиција во Италија... По подолго боледување од леукемија, Силвиот Берлускони почина денеска, на 86 години.
Премиерот Реџеп Таип Ердоган со неговите руски и италијански колеги Владимир Путин и Силвио Берлускони во Анкара, 06 август 2009 година
26/26 Премиерот Реџеп Таип Ердоган со неговите руски и италијански колеги Владимир Путин и Силвио Берлускони во Анкара, 06 август 2009 година
Медиумски могул, премиер на три италијански влади помеѓу 1994 и 2011 година и лидер на партија Форца Италија која денес е помал партнер во сегашната владејачка коалиција во Италија... По подолго боледување од леукемија, Силвиот Берлускони почина денеска, на 86 години.
Previous slide
Next slide

Берлускони инсистираше на тоа дека гласачите се импресионирани од неговата дрскост.

„Мнозинството Италијанци во нивните срца би сакале да бидат како мене и да се гледаат себеси во мене и во тоа како се однесувам“, рече тој во 2009 година, за време на неговиот трет и последен мандат како премиер.

Неговиот втор мандат, од 2001-2006 година, беше можеби неговата златна ера, кога тој стана шеф на владата со најдолг стаж во Италија и го зајакна нејзиниот глобален профил преку неговото пријателство со американскиот претседател Џорџ В. Буш. Совладувајќи ги распространетите чувства дома и во Европа, Берлускони ја поддржа војната во Ирак предводена од САД.

Берлускони се гледаше себеси како спасител на Италија од она што тој го опиша како комунистичка закана - години по падот на Берлинскиот ѕид. Од почетокот на неговата политичка кариера во 1994 година, тој се прикажуваше себеси како мета на судството што го опиша како полно со левичарски симпатизери. Секогаш инсистираше на својата невиност.

"Го сакам животот! Сакам жени!" изјави во 2010 година Берлускони.

Берлускони и мароканката Руби, која малолетна присуствувала на неговите секс забави

Тој го поттикна гневот по терористичките напади на 11 септември 2001 година во Соединетите Држави, тврдејќи дека западната цивилизација е супериорна во однос на исламот.

Кога во 2003 година во Европскиот парламент беше критикуван од германски пратеник, Берлускони го спореди својот противник со чувар на концентрациониот логор. Години подоцна, тој предизвика бес кога ги спореди правните проблеми на неговото семејство со она што Евреите сигурно се сретнале во нацистичка Германија.

Берлускони е роден во Милано на 29 септември 1936 година, како син на банкар од средна класа. Стекнал диплома по право, пишувајќи ја својата теза за рекламирање. Тој започнал градежна компанија на 25 години и изградил станбени комплекси за семејства од средната класа на периферијата на Милано, дел од повоениот бум.

Дома, тој постојано се соочуваше со обвинувања за спонзорирање на закони насочени кон заштита на себе или на неговите бизниси, но тој инсистираше дека секогаш постапува во интерес на сите Италијанци. Законската регулатива донесена кога тој беше премиер, со која на функционерите им дозволуваше да поседуваат медиумски бизниси, но да не ги водат, беше оценета од неговите критичари како по мерка на Берлускони.

Во 2006 година, додека Италија беше исмејувана како „болниот човек на Европа“, со нејзината економија заглавена во нула раст и нејзиниот буџетски дефицит, Берлускони тесно ги загуби општите избори од лидерот на левиот центар Романо Проди, кој беше претседател на Европската Комисија.

Берлускони во Европскиот парламент, 2019-та

Во 2008 година, тој се врати на неговиот последен мандат како премиер. Ненадејно заврши во 2011 година, кога финансиските пазари ја изгубија вербата во неговата способност да ја спречи Италија да потклекне пред кризата со суверените долгови во еврозоната. Берлускони неволно се повлече.

Здравствените грижи го оптоваруваа со текот на годините. Тој беше опериран од рак на простата во 1997 година. Во ноември 2006 година, тој се онесвести за време на говорот, а следниот месец одлета за САД, каде што доби пејсмејкер во Клиниката во Кливленд. Тој беше подложен на повеќе операции на срцето во 2016 година.

За време на политички митинг во 2009 година, еден човек фрли статуетка, сувенир од катедралата во Милано кон Берлускони, при што му беше скршен носот, пукнати два заба и пресечена усната.

XS
SM
MD
LG