Социјалните мрежи изминатава недела беа преплавени со фотографии од забави во преполни дискотеки ширум Македонија. Во месец кога секојдневно се уриваат рекорди по бројот на новозаболени од коронавирус, а болниците се преполни, граѓаните прашуваат дали е на повидок нов кластер „дискотеки“.
Имаше „пиштење и вриштење“ во јавноста за причесната за Велигден, за паузата во полицискиот час за Бајрам, за литиите, ифтарските вечери во период кога во земјава имаше по 20-30 заболени дневно. Сега кога има по 200 дневно, сè е оставено на личната одговорност.
Ако бројот на заболени рапидно се зголеми и ситуацијата ескалира... Сите Дискотеки што работеа овој викенд треба да бидат конфискувани и претворени у КОВИД Болници се дур не помине кризата ! Само така стоката ќе се научи да почитува туѓ живот !
— Бапчо (@TheFitzzz) July 19, 2020
Да треба да си потпишат дека во случај на кластер дискотека, нема да имаат приоритет за влез во болница,туку само ако има место и одморен персонал, дека нема да ги видат најблиските и 10 дена во самоизолација после секое журкање,нема спас.Цела држава е заложник на луѓе без мозок
— Ellie (@peseva) July 19, 2020
Државата со ваква младина не треба да се плаши за својата иднина*од дискотека во болница
— Beba (@mufljus) July 18, 2020
По Струмица, и во Прилеп забави во дискотека, без маски и социјална дистанца се играло и пеело: https://t.co/MMF9OD9YLE
— vlatko panajotovic (@agentpana) July 19, 2020
Други, пак, негодуваат дека вирусот може да потрае со години и оти животот мора да продолжи.
Епа ако си глуп оди, шо треба...да почне да ве мава со стапови?Оваа ситуација ќе трае со години, мора приватниот сектор да работи, иначе ни народот пари ќе има, ни државата за да ве лечи.Сам избираш дали ќе одиш во дискотека или на некоја тераса кај што има доволно растојание.
— Scarlett O%27Hara (@Scarlett_O_5) July 19, 2020
Трети, пак, се шегуваат дека во диско ќе одат кога кризата ќе заврши.
Дискотека. pic.twitter.com/RA6d3nNaZB
— HIGHLY LIKELY LIKE (@HighlyLike) July 19, 2020
Со оглед дека работата на дискотеките се уште не е дозволена, менаџерите на струмичкиот клуб Аватар велат дека тоа е кафуле, а не дискотека.
Се јави и ладно кажа дека тоа не е дискотека него кафич со отворена тераса?!? Па боље да кажеше дека е амфитеатар од отворен тип и дека спроведуеле настава у природа за сите шо испуштија часови за време карантин
— andon.ru (@andon_ru) July 19, 2020
Пазарниот инспекторат, во стилот на изневерен сопруг, кој секогаш последен дознава, реагира дури по бурата реакции на социјалните мрежи.
Се чини дека од тројца инспектори, како во народната, еден е шеф на инспекција, еден е обичен инспектор и еден е кодош.
Инспекцијата немоќна????Како бе немоќна?? Какви се овие глупави оправдувања за непреземање мерки https://t.co/XwbqdRJBOz
— Ellie (@peseva) July 19, 2020
На министерот за здравство му останува само да апелира.
Дел од граѓаните, пак, се во очекување на кластерите „изборни прослави“.
Трети, пак, посочуваат и на лицемерието на граѓаните – од една страна се полни со осуди на социјалните мрежи, а потоа се одлогируваат и заминуваат на журка.
"Брат се пазам јас носам маска стално, не се гледам со луѓе, не искачам од дома кога нема потреба..." *објавува стори од дискотека
— ivam (@IvanAjnstajn) July 19, 2020
Втора половина Март народ се тепа за брашно се празнат рафтови по маркети, втора половина на Јули народ се тепа да се слика на плажа, диско, кафич ресторани ...
— Ацо Саатчијата ⏳ (@acosaatcijata) July 19, 2020
Стручњаците велат дека животот нема да може да се врати во нормала додека не се измисли вакцина против ковид-19. Дотогаш, Господ да нè чува.
Во меѓувреме, иако е забрането, масовно се прават свадби и други семејни веселби, иако и досега имаше кластери на заболени од свадби и слави.
Некои кафеанџии, пак, монтипајтоновески ветиле дека ќе го почитуваат законот.
Им дадоа зборИм ДАДОА ЗБОРИм Д А Д О А З Б О Р pic.twitter.com/3NhuBh9sjb
— Катерина Стопареска (@Stopareska) July 22, 2020
Во меѓувреме, додека целата јавност се занимаваше со изборите и со коронавирусот, непосредно до трговскиот центар Мавровка во Скопје никнува огромна дивоградба за која никој не знае ништо.
🤣🤣🤣 pic.twitter.com/KQelD9NbE8
— 👌КАуркаТА👌 (@Kaurkata903) July 22, 2020
А да ја гушнеме Мавровка! :)
— Bratot (@bratot1) July 23, 2020
Шилегов после платформите на Матка, "накриви капа" и за Мавровка. Вели ингеренциите се на Чаир, а оттаму не знаат кој е инвеститорот ама постапката за легализација е во тек.Тоа е сè што треба да знаете за најнеспособниот во историјата на @CityofSkopje https://t.co/d49FyPlvW2
— Zaliv2020! (@NaviVorazal) July 22, 2020
Анонимноста во земјава изгледа станува стандард. Анонимни донатори го платија новогодишниот настап на Дино Мерлин во Скопје, а потоа, според градоначалникот Петре Шилегов, анонимни донатори го уредија и паркот пред ГТЦ на местото на кое требаше да се градат Шпанските скали.
Анонимни донатори го платија Дино Мерлин, анонимен инвеститор гради пред Мавровка, уште малку и анонимна држава ќе станеме!
— Злобната (@covid19Mk) July 23, 2020
Процедурата за барање на сопственик на дивоградба во центарот на градот изгледа е многу комплицирана, особено ако е на локација каде што полицајка лесно може да се удри во пајак.