Достапни линкови

Филипче: Епидемијата ќе трае до вакцинирање на доволен број луѓе


Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека епидемијата на коронавирусот ќе трае и после пронаоѓањето на вакцината додека не се вакцинира доволен број на население.

Мерката рестрикција на движење може да биде воведена единствено ако постојат индикации за окупираност и пополнетост на болничките капацитети, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој на социјалната мрежа Фејсбук денеска наведе дека во моментов нема такви индикација за пополнетост на болничките капацитети.

„Не можеме да живееме затворени и со рестрикција. Епидемијата ќе трае и после пронаоѓањето на вакцината додека не се вакцинира доволен процент на населението“, вели Филипче.

Тој посочи дека земјата има потпишано потпишано писмо до Светската здравствена организација за да влезе во планот за распределба на вакцината кога таа ќе биде на располагање.

Мерките за рестрикција на движењето беа повеќепати воведени по избувнувањето на епидемијата на коронавирусот во март, но ваквите мерки подоцна беа укинати.

Осум починати и 241 новозаразени од коронавирусот

Од почетокот на здравствената криза со Ковид -19 во земјава до 18 јули регистрирани се 9.026 случаи на заразени од коронавирусот од направени 84.916 тестирања, а според официјалните податоци на здравтвените власти бројот на починати како последица на болеста изнесува 414 луѓе.

Во моментов бројот на активни случаи во земјава е 3.885 од кои најмногу во главниот град Скопје, додека бројот на оздравени пациенти е поголем и изнесува 4.727 лица.

XS
SM
MD
LG