Последици од поплавите во Косово низ фотографии
Непрекинатите дождови предизвикаа големи штети во неколку општини во Косово, вклучувајќи ги Малишево и Глоговац. Во овие општини, како и во Раховац, имаше прекин во снабдувањето со електрична енергија поради поплавите, додека властите објавија дека ги евакуирале жителите од загрозените подрачја. Во оваа фото галерија ви ги пренесуваме сцените од Малишево и Глоговац кои покажуваат штети предизвикани од врнежите.
9
Камионот во подвозникот во Малишево.
10
Поплавен пат во Малишево
11
Граѓанин ја исфрла водата што влегла во продавницата во Малишево.
12
Поради поплавите, властите во Малишево објавија дека ќе го одложат почетокот на второто полугодие од учебната година.