Последици од поплавите во Косово низ фотографии
Непрекинатите дождови предизвикаа големи штети во неколку општини во Косово, вклучувајќи ги Малишево и Глоговац. Во овие општини, како и во Раховац, имаше прекин во снабдувањето со електрична енергија поради поплавите, додека властите објавија дека ги евакуирале жителите од загрозените подрачја. Во оваа фото галерија ви ги пренесуваме сцените од Малишево и Глоговац кои покажуваат штети предизвикани од врнежите.
13
Двајца мажи се качуваат по скалите, додека зад нив може да се види голема количина вода што останала по поплавите.
14
Вода се насобрала на дел од патот во општина Малишево.
15
Граѓанин се обидува да исчисти поплавена улица во Малишево.
16
Улицата во населено место во општина Малишево е целосно поплавена.