Последици од поплавите во Косово низ фотографии
Непрекинатите дождови предизвикаа големи штети во неколку општини во Косово, вклучувајќи ги Малишево и Глоговац. Во овие општини, како и во Раховац, имаше прекин во снабдувањето со електрична енергија поради поплавите, додека властите објавија дека ги евакуирале жителите од загрозените подрачја. Во оваа фото галерија ви ги пренесуваме сцените од Малишево и Глоговац кои покажуваат штети предизвикани од врнежите.
5
Вака изгледа една улица во Коморани по поплавите.
6
Локалните власти во Дренас објавија дека неколку патни делници биле поплавени на 6 јануари и апелираа до граѓаните да користат алтернативни патишта.
7
Властите објавија дека ги евакуирале граѓаните од подрачјата загрозени од поплави во општина Малишево.
8
Поплавена улица во општина Малишево, каде што можат да се видат неколку куќи.