Настаните на денот низ фотографии - 16 август 2023
Пјонгјанг виа Кавадарци
5
КОСОВО - Министерството за здравство на Косово денеска ги повика граѓаните да бидат повнимателни и постојано да ја контролираат водата за пиење, поради зголемениот број на заболени од менингитис во последните два месеци.
6
ЛИТВАНИЈА - Литванската влада денеска одлучи да затвори два од шесте гранични премини со Белорусија, поради „геополитички околности“ кои настанаа откако Белорусија ги прифати членовите на руската платеничка група Вагнер.
7
МАКЕДОНИЈА - Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека измени на Уставот под бугарски диктат не се можни и нема да ги поддржат на претстојната пленарна седница на 18 август каде што ќе се дебатира за вметнување на Бугарите во Преамбулата.
8
УКРАИНА - Товарен брод го напушти украинското црноморско пристаниште Одеса и плови низ привремениот коридор воспоставен за цивилни бродови. Тоа е првиот комерцијален брод што го напушта пристаништето од 16 јули.