Настаните на денот низ фотографии - 16 август 2023
Пјонгјанг виа Кавадарци
1
ГЕРМАНИЈА - Германската Влада денеска одобри план за либерализација на правилата за канабис. Ова е прв чекор на германската влада кон декриминализирање на поседувањето на ограничени количини канабис и овозможува на членовите на „канабис клубот“ да го купуваат за рекреативни цели.
2
ШВАЈЦАРИЈА - Потпретседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА) Александар Чеферин го повика европскиот фудбал да го „елиминира ракот“ на хулиганството.
3
ХОЛАНДИЈА - Холандската економија влезе во рецесија откако падна за 0,3 отсто во вториот квартал во однос на претходниот период, според првата проценка објавена на 16 август од холандската агенција за статистика.
4
МАКЕДОНИЈА - До крајот на годината очекувам да се изнајде решение за дефинирање на мининамланата пензија, преку дијалог во работната група во која ќе има номинирано претставници од Министерството за труд и социјална политика, Здружението на пензионери и од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, изјави Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на 16 јули.