Настаните на денот низ фотографии - 16 август 2023
Пјонгјанг виа Кавадарци
9
МАКЕДОНИЈА - Лидерот на владејачката ДУИ Али Ахмети денеска се сретна со косовскиот министер за транспорт Алиу во партиското седиште во Тетово. Ахмети изјави министерот Либан Алиу е дојден во земјава на средба со него по барање на косовскиот премиер Албин Курти, кој во на 13 август беше во посета на Тетово и Скопје на средба со опозициските лидери од албанскиот политички блок.
10
МАКЕДОНИЈА - Обвинителите отвориле истрага против 42-годишен маж од Кавадарци за кого се сомневаат дека подолг временски период вршел полови дејствија кон неговата ќерка родена во 2016 година, соопшти денеска Основното јавно обвинитлество.
11
СЕВЕРНА КОРЕЈА - Северна Кореја објави дека американскиот војник Тревис Кинг преминал на нејзина територија минатиот месец поради „нечовечко малтретирање и расна дискриминација“ во војската.
12
ХАВАИ - Бројот на загинати во разорниот шумски пожар во американската сојузна држава Хаваи се зголеми на 106, додека властите продолжуваат да ја пребаруваат областа и да ги идентификуваат жртвите од катастрофата.