Настаните на денот низ фотографии - 31 јули 2023
Од Талат Џафери до Марија Белова
5
ГРЦИЈА - Грција е целосно безбедна земја за посетителите, нашиот план за туризмот се спроведува нормално, порача портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина за последиците што би можеле пожарите во земјата да ги имаат врз туризмот, но и за пораката што ја испраќаат до туристите кои се двоумат или се плашат да го поминат одморот во Грција.
6
РУСИЈА - Кремљ оцени дека вчерашните напади со дронови врз Москва е украински „чин на очај“ бидејќи контраофанзивата на Киев пропаѓа.
„Очигледно е дека контраофанзивата не беше успешна“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Очигледно е дека контраофанзивата не беше успешна“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
7
МАКЕДОНИЈА - Од денеска е пуштен во употреба концептот „Оne Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане со Република Албанија. Со овој концепт, според премиерот Димитар Ковачевски, се овозможува побрз проток на граѓаните од двете држави, но и на компаниите кои транспортираат производи на овој граничен премин.
8
ЕУ - Европската Комисија усвои сет на нови насоки за да им помогне на членките на ЕУ да се прилагодат на климатските промени и подобро да се подготват за нивните последици. Потпретседателот на Комисијата за европски зелен договор Франс Тимерманс рече дека овие упатства ќе им помогнат на сите земји, региони и локални власти на ЕУ да планираат ефективни мерки за адаптација за заштита на граѓаните, бизнисите, градовите и природата од влијанието на климатските промени.