Настаните на денот низ фотографии - 31 јули 2023
Од Талат Џафери до Марија Белова
1
МАКЕДОНИЈА - Претседателот на Собранието, Талат Џафери во интервју за новинската агенција МИА, изјави дека би ја следел одлуката на министрите на Демократската унија за интеграција и би се повлекол од функцијата, доколку ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставни измени.
2
САД - Соединетите држави на листата на санкционирани лица ги додадоа членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, Ненад Стевандиќ, претседателот на Народното собрание на Република Српска и Радован Вишковиќ, премиерот на Република Српска.
3
ПАКИСТАН - Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за вчерашниот самоубиствен бомбашки напад на политички митинг во Бајаур, при што загинаа 54, а 200 луѓе се повредени, од кои 14 се во тешка здравствена состојба.
4
МАКЕДОНИЈА - Предлогот на Али Ахмети е несериозен во вака сериозен момент кога се работи за евроинтеграциите и засега нема да се разгледува во партиските тела, изјави денеска претседателот на политичката партија Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.