Настаните на денот низ фотографии - 31 јули 2023
Од Талат Џафери до Марија Белова
9
РУСИЈА - Руската комесарка за права на децата Марија Лвова-Белова изјави дека повеќе од 700 000 украински деца биле однесени од Украина во Русија од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година.
10
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Велика Британија ќе издаде стотици нови дозволи за експлоатација на гас и нафта во Северното Море. Како што се наведува во денешното соопштение на британската влада, целта на оваа мерка е зајакнување на енергетската независност на земјата.
11
БЕЛОРУСИЈА - Руската платеничка група Вагнер започна со обука на механизирани единици на белоруската армија, соопштија на 30-ти ули Министерство за одбрана на Белорусија.
12
НИГЕР - Западноафриканските земји им дадоа на пучистите во Нигер една недела да воспостават уставен поредок, предупредувајќи да не ја исклучуваат „употребата на сила“ и наредија воведување економски санкции.