Настаните на денот низ фотографии - 5 јуни 2023
Од Ескобар до Вранишковски
1
МАКЕДОНИЈА - Православната охридска архиепископија (ПОА), на митрополитот Јован Вранишковски се врати во Македонската Православна Црква - Охридска Архиепсикопија(МПЦ-ОА). Интегрирањето се случи на 5 јуни на заедничката богослужба во црквата „Света Софија“ во Охрид на архијереите на Македонската православна црква и на Српската прваославна црква г.г Стефан и г.г Порфириј, придружувани од епископи на двете цркви.
2
МАКЕДОНИЈА - Уставните измени треба да се случат, како што се случи и Преспанскиот договор, така треба да се случи и со Договорот за добрососедство, изјави лидерот на Демократската Унија за интеграција ( ДУИ) Али Ахмети на 5 јуни на настанот за одбележување на 21-годишнината од основањето на партијата.
3
КОСОВО - Припадници на турскиот баталјон командоси, чие испраќање беше побарано од НАТО, пристигнаа на Косово поради неодамнешното влошување на безбедносната состојба. Претставник на турското Министерство за одбрана минатата недела изјави дека околу 500 турски војници ќе бидат испратени на Косово.
4
РУСИЈА - Руската приватна група на платеници Вагнер предводена од Евгениј Пригожин објави видео од заробениот руски потполковник во кое тој „признава“ дека го наредил нападот врз платенците. Оваа објава доаѓа во време кога се во пораст тензиите меѓу руските платеници Вагнер и вооружените сили на Русија.