Настаните на денот низ фотографии - 5 јуни 2023
Од Ескобар до Вранишковски
5
ЕУ - Судот на правдата на Европската унија (СЕУ) на 5 јуни донесе пресуда со која утврди дека реформата на правосудството во Полска од 2019 година го прекршила правото на ЕУ. Претходно Европската комисија, која е извршна власт на Унијата, тврдеше дека полскиот Врховен суд ја нема потребната независност и непристрасност.
6
МАКЕДОНИЈА - Притвор од 30 дена доби жител од Ресен поради сомневање дека силувал шест годишно девојче. Битолското обвинителство соопшти дека против него е отворена истрага по пријава за кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години“.
7
САД / ЕУ - Специјалниот претставник на Европската унија за дијалог, Мирослав Лајчак и американскиот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар на 5 и 6 јуни ќе бидат во официјална посета на Приштина и потоа Белград. Целта на посетата е да се потврдат барањата на Брисел и Вашингтон до Косово и Србија за итно смирување на тензиите на севереот на Косово, потврди портпаролот на ЕУ, Петер Стано.
8
МАКЕДОНИЈА - „Дома не разговараме за службени работи“, изјави на 5 јуни поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева на денешната седница на Судскиот совет на која им објаснуваше на членовите на Советот за тоа дали имала конфликт на интереси додека ја извршувала функцијата.