Настаните на денот низ фотографии - 31 мај 2023
Од Пендиков до Ѓоковиќ
5
ЕУ - Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел изјави дека моменталната ситуација на северот на Косово е опасна и нестабилна. Оваа изјава следува по неговата средба со албанскиот премиер Албин Курти во Братислава.
6
МАКЕДОНИЈА - Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека на средбата со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски ќе се разговара за две работи - за одлуките потребни за европската интеграција на државата и за добрососедските односи.
7
КОСОВО - Косовскиот олимписки комитет побара од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) да отвори дисциплинска постапка против српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по неговата порака за Косово за време на турнирот во Ролан Гарос. Од МОК засега не реагираат. Истовремено, француската министерка за спорт денеска го оцени како непримерен, „милитантен и многу политички“ чинот на Ѓоковиќ по мечот на Ролан Гарос во Париз, во кој се наведува дека „Косово е срцето на Србија“.
8
ХОЛАНДИЈА - Поранешните шефови на Службата за државна безбедност (СДБ) на Србија, Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ, се осудени на по 15 години затвор. Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови во Хаг донесе правосилна пресуда со која ги прогласи за виновни за злосторствата во Бјелина, Зворник, Добој, Трново и Сански Мост.