Настаните на денот низ фотографии - 31 мај 2023
Од Пендиков до Ѓоковиќ

1
МАКЕДОНИЈА - Цената на струјата би можела да се зголеми за 13 проценти доколку Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ) ги прифати сите барања за цената на струјата, изјави за МИА претседателот на РКЕ Марко Бислимовски. РКЕ во наредниот период ќе ги анализира барањата, а одлуката ќе ја соопшти околу 20 следниот месец.

2
СРБИЈА - Високиот претставник на Европската унија за заедничка надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во четврток, на 1 јуни, во главниот град на Молдавија, Кишињев, ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дознава Радио Слободна Европа. Во четврток во Кишињев се одржува самитот на Европската политичка унија, а на маргините на оваа средба ќе се одржи и средбата меѓу Борел и Вучиќ.

3
ГЕРМАНИЈА - Германија денеска објави дека и наредила на Русија да затвори четири од нејзините пет конзулати во државата како соодветна мерка откако Москва воведе ограничување на бројот на вработени во Германската амбасада. Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи Кристофер Бургер изјави дека по крајот на годината на Русија ќе и биде дозволено да ја задржи својата Амбасада во Берлин и уште еден Конзулат.

4
САД - Амбасадорот на Соединетите Држави во Србија, Кристофер Хил изјави дека Косово ќе ги сноси последиците поради постапките на Владата на Косово.
„Многу јасно и ставивме до знаење на Приштина дека сме апсолутно против потезите на владата на Курти. Секретарот Бликен исто така беше многу јасен дека тоа ќе има последици за односите со Приштина“, рече Хил во изјавата за новинарите во Белград.
„Многу јасно и ставивме до знаење на Приштина дека сме апсолутно против потезите на владата на Курти. Секретарот Бликен исто така беше многу јасен дека тоа ќе има последици за односите со Приштина“, рече Хил во изјавата за новинарите во Белград.