Настаните на денот низ фотографии - 31 мај 2023
Од Пендиков до Ѓоковиќ
9
СУДАН - Суданската војска го прекина учеството во разговорите за прекин на огнот со посредство на Соединетите Држави и Саудиска Арабија, обвинувајќи ги своите паравоени непријатели дека не ги почитуваат своите обврски. Преговарачите во саудискиот град Џеда на Црвеното Море ги признаа повторените прекршувања на примирјето од двете страни, но досега се воздржуваа од наметнување какви било санкции со надеж дека ќе ги задржат завојуваните страни на преговарачка маса.
10
МАКЕДОНИЈА - Само што почна, судењето за претепувањето на Христијан Педников во Охридскиот суд, се одложи. Причина за одложување на рочиштето е новиот доказ против обвинетиот Илија Спасевски, кој охридското Обвинителство го достави до судот. Одбраната побара повеќе време за проучување на доказот, но откако судијата тоа не го дозволи, адвокатите на обвинетиот ја напуштија салата, а судењето без нив не можеше да продолжи.
11
САД - Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави дека „дојде време“ Турција да се откаже од своите приговори за членството на Шведска во НАТО. Од друга страна, додаде дека и администрацијата на американскиот претседател смета дека Турција треба да добие борбени авиони Ф-16 „што е можно поскоро“.